Во вооружена пресметка на улиците во Тетово еден мртов и повеќе ранети, меѓу нив и малолетно девојче

August 10, 2025
1 min read

Повредените се пренесени во тетовската Клиничка болница и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од МВР соопштија дека во 12:30 часот на крстосница од улица ,,Илинденска” со улица ,,Благоја Тоска” во Тетово се случила  вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното се упатило кон улица „113“,  а додека другото во непознат правец.

„Од добиени сознанија од граѓани и очевидци на местото на настанот, добиена е информација дека возилото кое што се упатило кон ул.” 113″ дека се работи за патничко возило ,,форд фиеста” со тетовски регистарски таблички. Од извршената проверка било констатирано дека се работи за одјавени регистарски таблички од истото возило, сопственост на лицето Е.М.(19) од с.Гајре, тетовско. При преземање мерки, на крстосницата од улица ,,Благоја Тоска” со улица „107″ било пронајдено патничко возило ,,фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, сопственост на Ф.Р.(46) од Тетово, додека  во возилото пронајдено е едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје. За настанот е формиран тим со кој раководи дежурен јавен обвинител при ОЈО-Тетово и увидна екипа од СВР Тетово“, се наведува во полициското соопштение.

Според МВР, во Клиничка Болница -Тетово биле пренесени три лица со повреди од кои едно малолетно девојче од Тетово со повреди од огнено оружје која е задржана на опсервација, а другите две лица О.О.(34) и Р.Т. со прострелни рани, како итни случи се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Во престрелката од возилата повреден е и еден пешак А.С.(60) од Тетово, кој бил случаен минувач и бил пренесен во клиниките во Скопје.

Во моментот полицијата врши увид и се преземаат мерки за расветлување на мотивите и околностите околу вооружената пресметка која предизвика сериозни последици по животите и здравјето на лица во Тетово. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневски: Бившото СЈО се уште владее во Македонија, додека не ја погреба

Следно

Пет земји-членки на Советот за безбедност на ОН се спротивставија на одлуката на Израел да ја окупира Газа

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop