Акциска контрола во Скопје, приведени повеќе лица, санкции за угостителски објекти

August 10, 2025
1 min read

На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје. При тоа констатирани се 99 сообраќајки прекршоци, од кои 11 возила се подигнати со специјално возило “Пајак”, одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни лица за утврдување на идентитет, незастанување на даден знак Стоп и возење без возачка дозвола. Лишени од слобода се четири лица бидејќи при преглед кај нив биле пронајдени наркотични средства.

Во координација со инспектори за животна средина извршено е мерење на јачина на бучава на угостителски објекти. При тоа констатирано е дека два Угостителски објекти во централно градско подрачје  го нарушиле јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика и на истите им се сочинети за записници за констатирани прекршоци.

Исто така во текот на изминатата вечер контролирани се и угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што е извршена контрола на документацијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН бара одговор од Османи: Што се случи со 120 милиони денари за самитот на ОБСЕ?

Следно

Ограничен број на камиони со помош, од Египет влегуваат во Газа преку преминот Рафа

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop