Земјотрес со јачина од 4,1 степен го потресе Хатај

March 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 4,1 степен се почувствува во турската област Хатај, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди турската Агенција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД).

Во соопштението објавено на интернет-страницата на АФАД се наведува дека земјотресот се случил во 14:02 часот по локално време.

Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Арсуз во Хатај.

Како што се наведува во соопштението, земјотресот со јачина од 4,1 степен се случил на длабочина од 7 километри.

Инаку, околу 46.000 лица загинаа во двата силни земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије на 6 февруари.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари погодија околу 13,5 милиони луѓе во областите Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Спасовски: Последните дојави за бомби доаѓаат од адреси од Иран и Русија, а уплатите за ВПН-услугите се извршени со крипто-валути

Следно

Саудиска Арабија депонираше 5 милијарди долари во турската Централна банка

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за
Go toTop