„Свиркачи за СДСМ со имиња и презимиња“: Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, турбо работат Viber групите

August 8, 2025
1 min read

Тој посочува дека ‘во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ’.

„Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите кои ни ги доставија свиркачи: Соња Зашоска, советничка во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде унапредена во раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет. Таа е истата инспекторка која го заштити Бојан Христовски од АНБ и неговото незаконски стекнато образование“, вели Манасков.

Тој вели дека оваа позиција е партиска награда за Зашоска. Манасков ја прозва и советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Валерија Анастасова, за која вели (според истите информации од свиркачите), ќе биде унапредена во раководител на сектор за стручно-административни работи.

„Христина Јованоска, сегашен инспектор, ќе биде поставена за помошник главен инспектор. Јане Николоски, исто така кадар на ДПМНЕ, ќе биде назначен за помошник раководител на сектор за односи со јавност и превод“, вели Манасков.

Манасков информира дека паралелно со ова, се распишува јавен оглас за нови вработувања во инспекторатот – исто така по партиска линија.

„Партизацијата на образованието е брутална, на сите можни нивоа и со незаконски огласи за вработувања. Само во последните неколку дена, распишани се незаконски огласи за вкупно 123 работни места – наводно за образовни асистенти во училишта кои не се трансферирани во ресурсни центри. Огласите се незаконски затоа што, според Законот за средно образование, само такви установи можат да вработуваат образовни асистенти“, вели Манасков.

Манасков открива и дека незаконитостите не застануваат тука:

„Интервјуата за дел од огласите започнале уште пред да истече рокот за пријавување. Постапките биле координирани од директорот на „Искра“, Марјан Арсов, од странство преку приватна Viber група“.

Манасков посочува дека СДСМ бара:

– Итно да се поништат овие срамни огласи и незаконски унапредувања.

– Да се разрешат сите директори кои спровеле незаконска постапка.

– Да се запрат партиските вработувања и унапредувања.

Според Манасков ова е срам за образованието, срам за институциите, срам за државата, бидејќи наместо квалитет и независност, државата добива партиска приватизација на институциите – на штета на учениците, наставниците и сите граѓани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: ИНЦИДЕНТ НА ХАЛКИДИКИ – Ветер оддува чадор, кој се заби во нога на девојка која се сончала

Следно

Ѓорѓиевски: Во Љубанци одбележуваме сеќавање на хероите Бадаревски и Чанкуловски

Latest from Blog

Милеи донесе вонреден декрет по масовните навреди кон Аргентина по Светското првенство

По тешкиот пораз во финалето на Светското првенство, што го поттикна верувањето во Аргентина дека земјата станала цел на бран омраза, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи потпиша вонреден декрет со кој им се

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот
Go toTop