САД: Повеќе од 2.700 луѓе се евакуирани поради шумските пожари во Калифорнија

August 8, 2025
1 min read

Повеќе од 2.700 луѓе се евакуирани поради шумските пожари во американската држава Калифорнија, јавува Анадолу.

Според Калифорнискиот оддел за шумарство и противпожарна заштита, продолжуваат напорите за ставање под контрола на пожарот „Кањон“, кој избувна вчера во подрачјето на Лос Анџелес и Вентура и зафати приближно 20 квадратни километри.

Покрај авиони и хеликоптери, повеќе од 400 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот.

Официјални лица информираа дека повеќе од 2.700 луѓе се евакуирани поради брзото ширење на пламените јазици и дека 14.000 луѓе и 5.000 објекти се соочуваат со ризик од евакуација.

Пожарот Гифорд, кој избувна во Санта Барбара и Сан Луис Обиспо на 1 август, се прошири на простор од приближно 400 километри, а под контрола се ставени само 15 %.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Алкалоид и Комерцијална банка генерираа 95 % од прометот – МБИ10 +0,24 %

Следно

90 ученици од Северна Македонија ја посетија Турција со поддршка на ТИКА

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop