Никола Ристаноски ќе одржи мастерклас на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга

August 8, 2025
1 min read

Со мастерклас на бардот на македонското и балканско глумиште, Никола Ристановски денеска продолжува вториот ден од фестивалот за краток филм „Drim Short 2025“.

Во рамките на програмата, како што соопшти организаторот, предвидени се проекции на филмови од Студентската програма во Јуроп Хаус Струга и работилница за филмска критика „Соочување со минатото“.

Деветтото издание на фестивалот „Drim Short 2025“ почна вчера, а ќе трае до 10 август, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Главните проекции, како што соопшти тимот на Дрим шорт, се реализираат во Паркот на поезијата, а останатата програма на повеќе локации низ Струга.

Во четирите фестивалски денови предвидени се пет натпреварувачки програми: меѓународна, регионална, национална, студентска и специјална програма насловена „Соочување со минатото“. Натпреварувачката програма, според информацијата, ќе биде придружена од ревијална програма што вклучува вечер на холандски филм, со избор на филмови во соработка со фестивалот „Go Short“, програма на еколошки филмови во соработка со Еко свест и специјална ВР програма на кратки филмови

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Визер“ авион се врати на скопскиот аеродром по удар во јато птици

Следно

Меџити најави две нови модерни градинки во Чаир

Latest from Blog

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво

УНИ Банка перпетуални обврзници (UNIPO2), Македонски Телеком (TEL) и Алкалоид (ALK) со најголем неделен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop