Стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига

August 8, 2025
1 min read

Со два натпревари во Тетово и Скопје, што ќе се играат попладнево, ќе запопна новата сезона во Првата макеоднска фудбалска лига.

Дванаесетте екипи со различни амбиции и желби влегуваат во десет месечната борба. Едни за титулата, други за излез на европската сцена, а некои во борба за опстанок.

Бранителот на трофејот тетовска Шкендија и годинава важи за главен конкурент за трофејот. Тетовци тоа веќе го најавија со нивниот настап во квалификациите за Лигата на шампионите. Главни конкуренти би требало да им бидат Силекс, Вардар и Работнички кои исто така летото го почнаа со европски натпревари. Иако тивки во летниот преоден рок, не смее да се отпише ниту тимот на Струга Трим Лум.

Новитет сезонава се што натпреварите ќе се играат најмалку во три, а првото коло во четири дена. Воедно сезонава ќе биде дополнително интересно и поради одлуката ПМФЛ од наредната да биде скратена. Така трите најслабо рангирани екипи ќе се преселат во Втората лига, а осмо и деветто пласираните ќе играат бараж за опстанок.

Сезоната ќе биде отворена во Тетово, каде шампонот Шкендија ќе го пречека составот на Шкупи. Чаирчани со многу организациски, но и персонални проблеми влегуваат во овој меч, а тетовци се во одлична форма.

Овој натпревар ќе почне во терминот од 17 часот, а ќе може да го следите на МРТ низ директен пренос. Националниот телевизиски сервис ќе ги пренесува и останатите натпревари од целата сезона.

Првиот вечерен термин во новата е резервиран за вечното дерби. На арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Вардар ќе го пречека битолски Пелистер. Овој натпревар ќе се игра во терминот од 20 часот, исто така со ТВ пренос.

ПМФЛ – 1. КОЛО

петок, 8. август

Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | градски стадион, Тетово
Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје

сабота, 9. август

Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | стадион Башкими, Куманово
Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга

недела, 10. август

Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци

понеделник, 11. август

Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | стадион Силекс, Кратово

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Руските напади со беспилотни летала предизвикаа голема штета во украинската област Суми

Следно

Апел за штедење вода, зголемената потрошувачка предизвикува прекини

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop