Општина Касандра продолжува со отстранувањето на недозволено поставени чадори и предмети на плажи

August 8, 2025
1 min read

На три локации на првиот крак на Халкидики, општина Касандра, со помош на грчката полиција, вчера спроведе нова акција за отстранување на нелегално поставените чадори, столици, лежалки и слична опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општината информираа дека акцијата помеѓу Полихроно, Ханиоти и Пефкохори, била по пријавите од граѓаните и по претходни контроли.

Нагласија дека конфискуваната опрема нема да биде вратена, но и дека ваквите акции и инспекции ќе продолжат и во други области, каде што се евидентирани недозволено поставени чадори на плажите.

– Ги повикуваме сите оние кои нелегално го окупирале брегот веднаш да ја отстранат опремата, избегнувајќи ги предвидените административни и кривични последици. Општина Касандра, со доследност и решителност, го брани јавниот простор и спроведувањето на законот, соопштија од општината.

Вакви ненајавени акции беа спроведени и во текот на минатиот месец, а претходеше соопштение од општината и објава на социјалните мрежи на три јазици: англиски, германски и српски, со што беше најавено интензивирање на контролите за отстранување на предмети што нелегално го зафаќаат јавниот и слободен простор на плажите.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турција со реакции на одлуката на Израел да ја прошири својата воена операција во Газа

Следно

Кулата на Водно влегува во завршна фаза – по 12 години изградба, кранот се симнува за 10 дена

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop