ФСБ: Спречен обид на украинските служби да го убијат рускиот милијардер Малофеев

March 6, 2023
1 min read

Терористичкиот напад бил планиран да се изврши со активирање експлозивна направа што била поставена под автомобилот на Малофејев, соопшти ФСБ наведувајќи дека слична шема украинските безбедносни служби користеле во подготовка за убиството на руската новинарка Дарија Дугина

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила обид на украинските специјални служби да го убијат рускиот милијардер, бизнисмен и извршен директор на групата компании „Царград“, Константин Малофеев.

Прес-службата на ФСБ за ТАСС изјави дека организатор на обидот за атентат врз Малофеев е основачот и еден од водачите на таканаречениот Руски доброволен корпус, рускиот државјанин Денис Капустин, кој живее на територијата на Украина и работи под контрола на украинската служба за безбедност, која учествува во борбени операции против руските трупи.

Терористичкиот напад бил планиран да се изврши со активирање експлозивна направа што била поставена под автомобилот на Малофејев, соопшти ФСБ, наведувајќи дека слична шема украинските безбедносни служби користеле во подготовка за убиството на руската новинарка Дарија Дугина.

Руските истражители отворија кривична постапка против Капустин за обид за убиство на Малофеев, под обвинение за тероризам и нелегална трговија со експлозиви.

Покрај тоа, според руската безбедносна служба, Капустин го организирал и директно учествувал во нападот на припадниците на Рускиот доброволен корпус на 2 март оваа година врз селата во областа Брјанск во Русија, кога загинаа двајца цивили, а уште двајца беа повредени, вклучително и дете.

Како што беше соопштено, и за овој случај е покрената кривична постапка.

Прес-службата на ФСБ потсети дека во август минатата година руските истражители спречија саботажа и терористички напад планиран од Капустин со употреба на импровизирана експлозивна направа во фабрика за нафта и гас во регионот Волгогород, а потоа, по вооружен отпор, радикалните организации биле неутрализирани.

Фото: Некста/Твитер

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсовска: Дел од блокадите на превозниците беа поради лични, а дел поради политички мотиви

Следно

ФОТО: Герила акција- облепен дуќанот на Груби во строгиот центар на Скопје, се продава по само 700 евра за квадрат

Latest from Blog

Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕП 2026

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големи натпреварувања, започната во далечната 2012 година. Македонија го избори деветтиот пласман на ЕУРО, што е 15 големо натпреварување во

Скопје и регионот зафатени со силно невреме – силни врнежи од дожд и засилен ветер

Скопје и скопскиот регион вечерва се зафатени со силно невреме, односно силни врнежи и грмежи, како и засилен ветер од западен правец, соопштија од УХМР. Невреме има и во кумановско-кратовскиот регион. Претходно

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

„Европа не е само некаков симбол, туку реална можност за подобар живот, но власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада“, порача заменик-претседателката на СДСМ,

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам во Кочани

Премиерот Мицкоски најави посета на Кочани, откако родителите на децата кои ги загубија животите ја одбија неговата покана за средба во Владата.  По нивната порака дека поканата е задоцнета и дека дел
Go toTop