Албанија од идната година воведува месечен финансиски надоместок за секое дете до петгодишна возраст

August 6, 2025
1 min read

Од 1 јануари 2026 година, бонусот за бебе, што во Албанија почна да се исплаќа во 2019 година, целосно ќе ја промени својата форма, па така наместо чек што се дава еднаш при раѓање, родителите ќе имаат корист од месечен износ за секое дете до петгодишна возраст.

За прво дете ќе се исплаќа 5 илјади леки (над 50 евра месечно или 618 евра годишно) за второ 7 илјади леки ( 72 евра или 865 евра годишно) и 10 илјади леки (103 евра месечно или 1237 евра годишно) за трето дете.

Врз основа на владината програма, што почна да се реализира од јануари 2019 до минатата година, родителите на првородено дете добиваа по 40 илјади леки, за второ 80.000 и 120.000 леки за трето дете, независно каде живеат родителите-албански државјани, додека од минатата, само оние кои постојано живеат во Албанија.

Новата владина програма за месечен надоместок експертите од оваа област го сметаат за позитивен чекор, кој „би можел малку да ја подобри благосостојбата на семејството и да биде поттик за младите луѓе да основаат повеќедетни семејства“.

-Секој знае колку чини одгледувањето дете денес – од пелени до млеко. Под овие услови, тие 40 илјади леки, 80 илјади леки или дури 120 илјади леки што беа доделувани одеднаш, не покриваа речиси ништо. Само минималните месечни трошоци за дете денес се над 10 илјади леки. Затоа, преминот од еднократен бонус на месечна поддршка е позитивен чекор, изјави Клодијан Муча, за eronews.al.

Според државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, во првиот квартал од 2025 година, родени се 4.662 бебиња, што за над 14 отсто помал број споредено со истиот квартал минатата година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион

Следно

МБИ-10 +0,36 % на 10 523,47 поени – промет 18,2 млн. денари

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop