Путин го прими специјалниот претставник Виткоф во Москва, само два дена пред рокот на Трамп за прекин на огнот

August 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес во Кремљ го прими Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, само два дена пред истекот на рокот Москва да постигне прекин на огнот во Украина или да се соочи со нови санкции, јавува Анадолу.

Средбата меѓу Путин и Виткоф беше објавена од Кремљ во соопштение, но не беа дадени детали за разговорите.

Подоцна беше објавено видео како се ракуваат рускиот претседател и специјалниот претставник на САД.

Виткоф пристигна во Москва денес, што е негова петта посета на Русија од почетокот на годината, а на последните две посети во април повторно се сретна со Путин.

Посетата се одржува два дена пред истекот на рокот од 10 дена што Трамп ѝ го постави на Русија за постигнување договор за прекин на огнот со Украина, одреден за овој петок.

Во јуни Трамп ѝ даде на Русија рок од 50 дена, по што се закани дека ќе воведе увозни давачки до 100% за Русија и нејзините трговски партнери, доколку Москва и Киев не постигнат договор.

На 29 јули Трамп објави дека одлучил да го намали тој рок на 10 дена поради неговото „разочарување“ од Путин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тетово приведен возач од Швајцарија – возел 155 км/ч, иако било дозволено 80

Следно

Нов закон: До 10 киловати фотоволтаици за секое домаќинство, поедноставени процедури за поставување

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop