Нов закон: До 10 киловати фотоволтаици за секое домаќинство, поедноставени процедури за поставување

August 6, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини подготвува измени во законската регулатива со кои ќе се поедностави и забрза постапката за поставување фотоволтаични системи на крововите на домаќинствата. Според новите предлози, кои се веќе објавени на ener.gov.mk, прагот за дозволен капацитет ќе се зголеми до 10 киловати за физички лица, додека за компаниите лимитот ќе биде 70 киловати.

Новото законско решение предвидува воведување на законски рокови за административната постапка, при што дозволите за поставување соларна опрема ќе мора да бидат издадени најдоцна за еден месец. Во случај на технички пречки за приклучок, операторот на електродистрибутивниот систем е должен во рок од 15 дена да понуди алтернативна локација. Доколку не се произнесе навреме, ќе се смета дека согласноста е дадена автоматски.

Со законските измени се олеснува и приклучувањето на електродистрибутивната мрежа, а се предлага и 20-годишна стратегија за реновирање на јавни, станбени и комерцијални објекти, со фокус на интегрирање обновливи извори на енергија и згради со речиси нулта потрошувачка.

Обврзувачки ќе биде и поставувањето на соларни колектори за топла вода при изградба или обемна реконструкција на јавни објекти, доколку тоа е технички и економски изводливо.

Дополнително, предлог-законот предвидува и јасни насоки за јавниот сектор, кој ќе мора да реконструира најмалку 3 отсто од вкупната подна површина на своите објекти годишно, со цел тројно зголемување на енергетската заштеда. Новите мерки вклучуваат и воспоставување на финансиски механизми, јавни повици и едношалтерски систем за поддршка на проекти за енергетска ефикасност.

Се овозможува и меѓуопштинска соработка за општините со помалку од 15.000 жители, кои преку заеднички програми ќе добијат пристап до државниот Фонд за енергетска ефикасност.

Со овие измени, Владата очекува значајно зголемување на употребата на обновливи извори, поголема енергетска независност и поддршка на граѓаните во транзицијата кон зелена енергија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин го прими специјалниот претставник Виткоф во Москва, само два дена пред рокот на Трамп за прекин на огнот

Следно

Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот

Latest from Blog

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција
Go toTop