Турскиот одбранбен гигант Аселсан со рекордни договори за извоз од 1,3 милијарди долари во првата половина од годината

August 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската одбранбена компанија Аселсан вчера објави дека во првите шест месеци од 2025 година потпишала директни и индиректни договори за извоз во вредност од 1,3 милијарди долари, продолжувајќи ја својата стратегија за извозно ориентиран раст со „решителност“, јавува Анадолу.

Во периодот од првите шест месеци од 2025 година, приходите на компанијата достигнаа 53,7 милијарди турски лири (1,32 милијарди долари), што претставува пораст од 11,3 % во однос на истиот период минатата година. Овој раст, според Аселсан, е резултат на континуираните испораки во области како што се противвоздушна одбрана, електрооптика, радари, авијација, електронско војување, безбедносни и вооружени системи.

Во првата половина на годината, компанијата склучила нови договори во вредност од 2,8 милијарди долари, што е зголемување од 10 % во споредба со истиот период минатата година. Вредноста на активните нарачки се зголемила за 30 %, достигнувајќи 16 милијарди долари.

Оперативната добивка пред камати, даноци, амортизација и отписи (EBITDA) се зголемила за 15 % на 319,7 милиони долари, со маргина од 25 %, додека „Book-to-Bill“ односот изнесувал 2 (односот на примени нарачки кон наплатени за одреден период), што ја позиционира компанијата над индустрискиот просек.

Во истиот период, вложувањата во истражување и развој (R&D) пораснале за 42 %, достигнувајќи 572 милиони долари, додека вложувањата во инфраструктура се зголемени дупло, односно 100 %, достигнувајќи 104 милиони долари.

Главниот извршен директор на Аселсан, Ахмет Акиол, истакна дека со програмата Аселсан некст, започната во 2024 година, компанијата добила силен финансиски замав.

„Нашите резултати од вториот квартал уште еднаш потврдија дека го задржавме овој импулс во првата половина од 2025 година“, рече Акиол.

„Можеме да истакнеме три клучни фактори зад овој успех: прво, фокусирање на високотехнолошки производи и брзо лансирање на производи; второ, подобрувања на ефикасноста; и трето, напори за локализација“, истакна тој.

Според Акиол, пазарната капитализација на Аселсан ја надминала вредноста од 21 милијарда долари, што ја одразува довербата на инвеститорите и нивната верба во долгорочниот потенцијал на компанијата.

„Ќе продолжиме да напредуваме со истата решителност во втората половина од годината. Ќе го одржиме нашето истражување и развој и инвестиции, особено зголемувањеto на нашиот сериски производствен капацитет во критични области како што се воздушна одбрана, радар, паметна муниција, системи за водење и електрооптика. Со нашата стратегија за раст ориентирана кон извоз, ќе се прошириме на нови пазари“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026 – Скопје ќе ги пречека најдобрите млади ракометари во светот

Следно

Димитриеска-Кочоска: Највисока буџетска наплата досега – јули со рекордни приходи

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop