По седумчасовен распит, судот му одреди притвор на шефот на железничката станица во Лариса 

March 6, 2023
2 mins read

Во меѓувреме во Грција продолжуваат протестите што избувнаа по железничката катастрофа. Штрајкот на вработените во грчката железница ќе продолжи и денеска. Како што пишува „Катимерини“, станува збор за 24-часовен штрајк, кој не се исклучува да продолжи и во наредните денови

Судските власти во Грција му одредија притвор на шефот на железничката станица во Лариса, кој беше уапсен веднаш по железничката несреќа што се случи во вторникот минатата недела, а во која животите ги загубија 57 патници, јавуваат грчките медиуми.

Противпожарните и други служби ги расчистуваат остатоци на местото на железничката несреќа/Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS

Распитот на педесет и деветгодишниот шеф на станицата, според „Катимерини“, траел седум часа пред да му биде одредена мерката притвор. Како што претходно беше соопштено, тој е осомничен за кривичните дела убиство и убиство од небрежност и, доколку биде прогласен за виновен во судскиот процес што претстои, му се заканува казна од 10 години до доживотен затвор.

Адвокатот Стефанос Панцарцидис минатата недела изјави дека неговиот клиент се чувствува уништено и дека ја презел одговорноста за несреќата во оној дел во кој тој смета дека е одговорен, но додаде дека и други фактори биле присутни, без да наведе детали.

„Околу 20 проклети минути тој беше одговорен за безбедноста (на железничкиот сообраќај) на цела централна Грција“,

изјави адвокатот на осомничениот чиј идентитет не се соопштува.

Во меѓувреме во Грција продолжуваат протестите што избувнаа по железничката катастрофа.

Масовен протест, кој започна мирно, се одржа пред грчкиот парламент во центарот на Атина. На вработените во железницата, кои го организираа протестот, со поддршка им се придружија синдикатите, студентските здруженија и граѓанските организации. Во еден момент, додека насобраната толпа им оддаваше почит на жртвите и го искажуваше револтот поради децениското запоставување на железничкиот систем во земјата, избија судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Железничките работници, пренесуваат грчките медиуми, велат дека железничката мрежа во земјата е во многу лоша состојба поради кратењето на трошоците за нејзино одржување и недоволното инвестирање, а како последица на должничката криза во земјата во периодот од 2010 до 2018 година.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој рече дека несреќата е последица на човечка грешка, призна дека децениското запоставување можело да придонесе за катастрофата, оценета како една од најтешките во живата меморија на Грција.

„Како премиер, им должам на сите, но најмногу на роднините на жртвите, извинување… Правдата многу брзо ќе ја истражи трагедијата и ќе ги утврди обврските“,

напиша Мицотакис на својот фејсбук-профил.

„Ова злосторство нема да биде заборавено“,

извикуваа демонстрантите во Атина додека пуштаа црни балони оддавајќи им почит на жртвите во железничката несреќа.

На транспарент што го носеа пишуваше:

„Нивните политики чинат човечки животи“.

Синдикатите на железничарите велат дека безбедносните системи на железничката мрежа се дефицитарни со години бидејќи системот за далечински надзор и сигнализација не бил испорачан навреме. Тие ја повикаа владата да изготви план и мерки за спроведување на безбедносните протоколи.

Мицотакис вчера рече дека доколку постоел далечински систем на железничката мрежа „во пракса ќе беше невозможно несреќата да се случи“, пренесува Ројтерс.

Штрајкот на вработените во грчката железница ќе продолжи и денеска. Како што пишува „Катимерини“, станува збор за 24-часовен штрајк, кој не се исклучува да продолжи и во наредните денови.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во МСУ се отвора изложба посветена на климатските состојби и еколошки предизвици

Следно

Еден месец од разорните земјотреси во Туркије

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop