Изречени казни за 407 возачи во Скопје, дури 228 за брзо возење

March 6, 2023
1 min read

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки.

Како што соопшти МВР, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник…

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

По несреќата со 57 жртви: Притвор за шефот на железничката станица во Лариса

Следно

При превртување на тајвански рибарски брод во Јапонија загина едно лица, шестмина исчезнати

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop