„Добри луѓе“ на летна турнеја од Крушево до Тузла

August 1, 2025
1 min read

Претставата „Добри луѓе“ според текст на Данкан Мекмилан во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ од сабота (2 август) од Крушево во амфитеатарот на летна сцена со почеток од 21 часот на Илинден тргнува на турнеја низ државата и во Босна и Херцеговина.

Претставата во Крушево е во склоп на манифестацијата „Десет дена Крушевска република“.
Во дуодрамата „Добри луѓе“ играат Филип Христовски и Тијана Трајчевска, музиката е на Ива Дамјановски, дизајнот на рекламниот материјал е на Бојана Цилевска, а продуцент е актерот Бобан Алексоски.

Во недела, на 3 август, претставата продолжува на Меѓународниот театарски фестивал „Без рамка“ во Демир Капија во Домот на култура „Мирка Гинова“.

Театар „Златен Елец“ трет пат учествува на овој ревијален фестивал, претходно со наградуваната „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска и „Дневникот на лудиот3:Куќа на духови“ во режија на Ѓорѓи Ризески.

На 9ти август претставата се игра во Радовиш на летна сцена, а на 10ти август пред Костурницата во Велес во рамките на програмата Велешко лето 2025.

Потоа, на 27ми август претставата се игра на планината „Плачковица“ во близина на Штип, во Планинарскиот дом „Вртешка“ на ВИА „ВРТЕШКА“.

На 30ти август претставата „Добри луѓе“ го затвора ревијалниот фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина – „Позориште без граница“.

Театар „Златен Елец“ уште од 2020 година со сите претстави патува низ државата, но и надвор од неа.

  • Се трудиме секое лето да правиме мала турнеја, како што лани тоа беше со претставата „Кенди“ и „Пингвинот“ во режија на Тамара, претходно со претставата „Грета“, монодрамите „Дневникот на лудиот“, Надица Петрова со стендап настапите, со детските претстави, со другите претстави што сме ги работеле – вели Бобан Алексоски.

Инаку, годинава претставата „Добри луѓе“ се играше во Драмски театар на неделата на независна сцена, Младинскиот културен центар на фестивалот Скопско лето и во БИТЕФ ТЕАТАР Белград Република Србија, а премиерата се случи во месец ноември 2023 година.

Од месец септември театар „Златен Елец“, новата 2025/2026 сезона ја започнува со три големи нови проекти, a ќе режираат Тамара Стојаноска и Мирко Радоњиќ од Црна Гора.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски после театарот во собрание: Не може ништо да направиме ќе чекаме избори

Следно

Македонија наместо 33, доби 15 отсто царини – Мицкоски: Благодарам на САД што ја корегираа тарифата

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop