Македонија наместо 33, доби 15 отсто царини – Мицкоски: Благодарам на САД што ја корегираа тарифата

August 1, 2025
1 min read

Соединетите Американски Држави ги намалија царините од 33 на 15 отсто за Македонија. Со ова државава се изедначи со тарифите кои се определени за целата Европска Унија. Сепак, премиерот Христијан Мицкоски верува дека ова не е крајниот исход од преговорите со американската администрација.

„Ние продолжуваме и понатаму да преговараме и оптимиста сум дека ќе одиме уште подоле“, порача Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски очекува преговорите да продолжат после 15 август кога ќе завршат одморите на луѓето од американската и од македонската администрација.

Директорот на Царината, Бобан Николовски вели дека царините нема негативно да се одразат на македонската економија.

„Не очекувам да биде удар. Мислам дека тука релативно ќе се движи, на исто ниво ќе останат. Ние претходно правевме анализи, дадовме мислење до Министерството за финансии по точки кои ни побараа да дадеме и укажавме колкави ќе бидат средствата што може да се изгубат ако ние одиме со нула спрема Соединетите Американски Држави или обратно, они сега со 15 отсто према нас, што не е конечно, мислам дека нема да има голем потрес“, вели Бобан Николовски.

Македонија во САД извезуваат пред се моторни и специјализирани возила, а најмногу се увезуваат наменски производи.

Инаку, и покрај воведените царини од американската администрација, македонските компании во првите пет месеци од 2025 имаат поголем извоз отколку што е увезено во државава. По ланскиот дефицит што сме го имале од над 77 милиони долари, за првите пет месеци имаме суфицит од 24 милиони долари што значи дека и покрај царините сме го зголемиле извозот.

Изненадувачки, во оваа нова одлука на Трамп, најлошо помина Швајцарија која има 39 отсто царини.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Добри луѓе“ на летна турнеја од Крушево до Тузла

Следно

Палестинците под израелска блокада се собираат кај коридорот Нецарим за да најдат храна

Latest from Blog

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,
Go toTop