М-НАВ: Тасевски изнесува неточни информации, безбедноста на воздушниот сообраќај во ниту еден момент не е доведена во прашање

July 30, 2025
2 mins read

Компанијата за контрола на летање М-НАВ АД Скопје остро ги демантира тврдењата изнесени од Александар Тасевски, претседател на ССКЛ – еден од синдикатите во рамки на компанијата – за време на неговото гостување на Телевизија 24 на 23 јули.

Од М-НАВ нагласуваат дека безбедноста на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија во ниту еден момент не била доведена во прашање и дека јавноста е доведена во заблуда преку, како што велат, „тенденциозни, неточни и извадени од контекст информации“.

Во продолжение демантот:

„Во врска со информациите изнесени од страна на Александар Тасевски, претседателот на ССКЛ еден од синдикатите кои делуваат во М-НАВ АД Скопје за време на неговото гостување на Телевизија 24 на 23.07.2025 година , сакаме јасно и одговорно да ја известиме јавноста дека безбедноста на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија ниту во еден момент не е доведена во прашање. 

Тасевски изнесува неточни, тенденциозни информации, ги извртува и вади од контекст. Неговиот настап на ТВ 24  нема допирни точки со синдикалното делување и заштита на работничките права во Друштвото. Напротив, истиот преку синдикатот се обидува да се меша во менаџирањето  на компанијата, и истото го прави само кога политички му одговара, додека реалноста е дека во воздухопловството нема место за политиканство.

Изнесените инфoрмации и лични ставови на Тасевски, за кои се сомневаме дека се ставови и на членовите на синдикатот за потенцијална опасност претставуваат не само неосновано ширење паника прво кај колегите контролори на летање дека системот со кој работат може во секој момент да откаже, а тие да бидат инволвирани во некакво си негово замислено сценарио на „Кочани 2“. Шири страв и паника кај јавноста во Македонија и во странство. Неговите лични ставови го  нарушуваат и  угледот на Друштвото кое секојдневно вложува максимален напор  за безбеден авио сообраќај и опслужува голем број на летови.

Навигациската и другата техничка опрема и системи кои ги користиме редовно се одржуваат и надгледуваат согласно пропишани процедури. Тоа овозможува безбедно управување со воздушниот сообраќај. Како дел на европската мрежа на вооздушниот сообраќај задолжени сме со меѓународна регулатива и процедури секој безбедносен настан да го пријавиме до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство како независна регулаторна воздухопловна власт во РСМ. 

Шокантни се изјавите на Тасевски. 

Неточно е дека МНАВ става регулации заради недостаток на контролори. Контролори има доволно за да работат на постоечките работни позиции, исто така неточно е дека ќе можеме да отвориме нови работни позиции за опслужување на сообраќајот со имплементација на новиот систем, бидејќи менаџерите од претходната власт ја откажале градбата на нова зграда иако била дел од договорот за набавка на нов систем. Во неа биле планирани нови (повеќе на број работни позиции). Новиот систем кога ќе биде пуштен во употреба, ќе биде на старите работни позиции. Тие се 4 на број (3+1 резервна) и не може да се вработат уште десетици контролори на летање, бидејќи нема каде да работат. Реално никогаш до сега немало побарување Република Северна Македонија да ја прелетуваат 140 авиони на час. Споредбите на македонскиот воздушен простор и воздушниот простор на Албанија и Бугарија, се бесмислени. Тие се територијално поголеми пред се и имаат поголем воздушен простор над копно и над море. Во македонскиот воздушен простор ни со новата опрема таква каква што ја набавила претходната менаџерска структура од претходната власт, не може да се примат прелети во бројки кои ги споменува Тасевски, а да не зборуваме дека за тоа нема ниту толкави побарувања од компаниите, а нивните барање доаѓаат до М-НАВ преку Еurocontrol.

Сегашниот менаџмент ги стави во смени скоро сите контролори на летање и ја зголеми можноста на М-НАВ да опслужува повеќе авиони во рамки на техничките лимити на системот кој се користи. Во првите 6 месеци од 2025 год. со добро планирање на контролорите на летање во смени, постигнато е зголемување на бројот на прелети за 12 % (за споредба во Европа таа вројка е 2-5 %). Македонија има и околу 20% зголемени приходи од прелетите споредено со 2024 год.

Сегашниот менаџмент е поставен од новата власт пред 8 месеци и не може да прифати обвинувања за проблеми предизвикани од претходната власт. Треба време за решавање на реалните постоечки проблеми. Сегашниот менаџмент не лаже никого ниту во Македонија, ниту во Европа ниту во Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еurocontrol во која сме членка. 

Уште еднаш ги отфрламе изјавите на Тасевски и недвосмислено изјавуваме дека М-НАВ АД Скопје е отворена за соработка и транспарентна комуникација со цел точно и објективно информирање на јавноста.“ – УО на М-НАВ АД Скопје.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Моќта на фотографијата да ја разбуди свеста и да создаде емоции,истакната од победниците на „İstanbul Photo Awards 2025“

Следно

Топлотниот бран во Грција во средината на јули еден од најдолгите регистрирани во земјата

Latest from Blog

Коњановски се заблагодари на Амбасадата на САД за финансиската поддршка

Советот на Општина Битола на денешната прва работна седница ја прифати донацијата од Амбасадата на САД во висина од 1 милион долари за дооформување на новиот објект на противпожарната станица. Градоначалникот Тони

Меџити: Урбаната трансформација во Чаир не запира

Во општина Чаир денеска завршува реконструкцијата на улицата бр. 9 на булевар „Мидхат Фрашери“, со поставување на завршниот слој асфалт. Ова е само еден од шесте инфраструктурни проекти кои паралелно се реализираат

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

 Имено, како што објави „Гардијан“ (Guardian), тимот предводен од познатата перуанска истражувачка Рут Шејди тврдат дека пред околу 4.200 години, остра суша го принудила населението да ја напушти древната град-држава Карал. Цивилизацијата

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“

Сеопфатна иницијатива за општествена одговорност посветена на превенција на детската дебелина Скопје, 6 ноември 2025 – Бејби Фуд Фактори, членка на групацијата Нелт и производител на брендот Нутрино, како водечка компанија во
Go toTop