Токаев: Казахстан му придава посебно значење на заедничкиот развој на ИТ секторот со Турција

July 29, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Казахстанскиот претседател Касим Џомарт Токаев денес изјави дека неговата земја му придава посебно значење на заедничкиот развој на информатичките технологии (ИТ) со Турција, известува Анадолу.

„Му придадовме посебно значење на прашањето за заеднички развој на информатичките технологии“, рече Токаев за време на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара, каде што пристигна во официјална посета еден ден претходно.

Истакнувајќи дека Турција постигнала значаен успех во областа на одбраната, Токаев му честиташе на Ердоган за организирањето на 17-тиот Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025), кој се одржа во турската метропола Истанбул од 22 до 27 јули.

Казахстанскиот претседател рече дека достигнувањата на Турција во воената индустрија опширно биле презентирани на шестдневниот настан.

„Вашите модерни и најсовремени технологии се високо ценети од меѓународните експерти. Развојот на информатичките технологии и употребата на модерни дигитални можности во различни области на економијата се барања на нашето време“, продолжи Токаев.

Тој посочи дека Казахстан постигнал успех и во областа на ИТ и дека Астана презела значајни активности на тоа поле.

„Овие иницијативи ќе влијаат на развојот на технологијата за вештачка интелигенција (ВИ)“, рече тој, додавајќи дека постојат значајни можности за проширување на стратешкото партнерство меѓу Казахстан и Турција во областа на ИТ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Активни три пожари во Македонија, шест под контрола

Следно

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Latest from Blog

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија
Go toTop