„Жени и деца биле 47 % од убиените Палестинци во израелскиот геноцид“, објави Министерството за здравство на Газа

July 29, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Министерството за здравство на Газа објави дека 47 % од убиените Палестинци во израелските напади биле деца и жени, што дава „јасни докази“ дека Израел директно ги нишанел цивилите, известува Анадолу.

Министерството за здравство на палестинската енклава објави:

„Бројот на луѓе кои ги загубија животите во израелскиот геноцид врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година надмина 60.034. Меѓу оние кои ги загубија животите, 18.592 биле деца, а 9.782 биле жени“.

Во соопштението, во кое се обелоденува дека 47 % од убиените биле деца и жени, се истакнува дека ова е „јасен доказ“ дека цивилите биле директна цел во нападите.

Во објавата се вели дека стотици тела остануваат закопани под урнатините и во тешко достапните области поради континуираните брутални напади на израелската Армија, насочени кон екипите за прва помош и цивилна одбрана, како и поради продолжувањето на медицинската и хуманитарна блокада.

Министерството за здравство на Газа ја повика меѓународната заедница и хуманитарните и здравствените организации да преземат итни мерки за „спречување на израелските напади и спасување на невините луѓе“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот на ВРЕДИ за Чаир

Следно

Претседателот Ердоган со официјална церемонија го пречека казахстанскиот претседател Токаев

Latest from Blog

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,

Симулацијата покажа дека Македонија во квалификациите за ЕП 2028 ќе игра против еден гигант и ќе биде во група со само пет селекции (Фото)

Уште два дена остануваат до првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лига на нации. Македонија прв пат ќе игра во Б сегментот и тоа против Швајцарија. Дуелите од

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја
Go toTop