Страотни пожари во Турција и Грција

July 28, 2025
1 min read

Апокалиптилни сцени доаѓат од Турција и Грција, двете земји се на работ на  катастрофа по серијата пожари проследени со тропски горештени и екстремно високи температури кои во делови од земјите достигнуваат и над 50 степени. 

Во Турција најкритични се североисточните и северозападните делови на Турција, а пожарите кои со денови беснеат се го зафатија еден од најголемите турски градови Бурса каде пожарот зафатил дел од станбените населби, а според турските власти евакуирани се повеќе од 3500 лица, додека пак во борбата со огнената стихија загинати се најмалку 15 лица. 

Според министерот за шумарство Ибрахим Џумакли само во Бурса пожарите зафаќаат 3000, а во борбата со огнената стихија се вклучени 2.300 пожарникари со поддршка од повеќе од 850 возила, шест авиони и четири хеликоптери,  а повремено биле затворени повеќе автопати кон соседните региони  а до сега во целост се евакуирани 19 села. 

„Пожарите во јужните провинции Мерсин и Анталија, како и во централната провинција Ушак, во голема мера се ставени под контрола, но огнените стихии во северозападната провинција Бурса и северната провинција Карабук сè уште се премногу опасни” изјави Џумакли. 

Во Грција, единаесет региони се под голема закана од пожари. Пожарот кај Крионери, североисточно од Атина е ставен под контрола, ситуацијата во Месинија, во југозападниот дел на Пелопонез, и на островот Китера сè уште е критична. Огнената закана е присутна и на островите Евија и Крит, каде жителите се итно евакуирани. Неколку подрачја се под црвен аларм – категорија 5, што е највисоко ниво на предупредување во земјата, а премиерот Мицотакис изјавил дека се води титанска битка со огнената стихија, додека пак на акрополот во Атина измерени се околу  50 степени. 

„Сите државни механизми се активирани за борба против повеќекратни шумски пожари. На оние кои го изгубиле својот имот, им порачувам – државата е со вас”  вели Мицотакис. 

Во борбата со пожарите и двете земји побараа меѓународна помош, а во негативен прилог одат и метеоролошките прогнози кои најавуваат нови пеколни темератури кои до сега го затворија за посетители акрополот во Атина, а во Во југоисточната турска покраина Ширнак измерени е  нов температурен рекорд од 50,5 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува скрининг за превенирање на хепатит и против болести на црниот дроб

Следно

Српски државјанин уапсен со лажни италијански таблички на автомобилот, поведена постапка

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop