Почнува скрининг за превенирање на хепатит и против болести на црниот дроб

July 28, 2025
1 min read

Рано откривање на хроничниот хепатит но и подигнување на свесноста за црнодробните болести е главната цел за почетокот на националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатит Б и Ц по повод светскиот ден за борба против оваа болест.

Директорката на гастро Мери Трајковска рече дека во Македонија околу 40 000 пациенти се заболени со хепатит па затоа многу е важно навреме да се реагира и да се спречи ширењето на болеста.

Хепатитисот се смета за тивок убиец, околу 40 000 пациенти се заразени во Македонија., тоа е она што го знаеме, за жал има голем дел и што не знаеме. Последица на хроничен хепатит е развој на цироза која пациентите не ја чувствуваат, преминопт од хепатит до цироза не го чувствуваат и на крај како финале доаѓа карцином. Ние започнавме скриниг за рано откривање на хепатит која вклучува откривање на Б и Ц хепатит и редовно нивно скенирање за да спечиме појава на карцином. 

Иако бројот на заболени е голем, сепак надлежните велат дека постојат и многу луѓе кои живеат со болеста но не се свесни за тоа. Потенцираат дека покрај раната дијагностика, важно е да се инвестира и во современи терапии.

Ова е ден за јавен поивик. Кај нас има илјадници пациенти кои се и хепатитис а не знаат дека го имаат. Скрининзите за хепатитис да бидат воведени да се почести за да можат навремено да се откријат овие болести и да може соодветно да се лекува. Кај нас со поддршка од Министерството за здравство треба да се воведе рана дијагностика и да се инвестира за да може пацинетите да имаат пристап до современите терапии 

Со сличен став е и министерот за здравство Азир Алиу. Тој рече дека главната цел на здравствениот систем е да навремено да ги превенира болестите.

Цениме дека здравството мора да превенира затоа овие програми се многу битни за нас, дел се од нашите политики во здравствениот систем бидејќи тоа чини и помалку и навремено имамаме покавлитетен живот за сите наши граѓани.

Скринингот денеска почна од Скопје а планирано е да помине и во десетина градови низ Македонија.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Мировните преговори меѓу Русија и Украина би можеле да продолжат во Турција

Следно

Страотни пожари во Турција и Грција

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop