ВО СКОПЈЕ СЕ СПРЕМААТ 6-7 МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ ЦЕНТРИ ЗА 2028, КОГА ЌЕ БИДЕ ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА, РЕЧЕ ЉУТКОВ

July 28, 2025
1 min read

Во Скопје се подготвуваат 6-7 мултифункционални центри за 2028, кога градот ќе биде Европска престолнина на културата, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Министерот и в. в. градоначалникот на скопската општина Аеродром, Дејан Митески, денеска најавија дека во наредниве две и пол години населбата Ново Лисиче ќе добие мултифункционален простор со киносала, изложбен простор и мултимедијален дел, објект кој треба да послужи најмногу на независната сцена уметници.

„Ова е многу важен проект за културата, бидејќи Скопје ќе биде Европска престолнина на културата во 2028 година. Шест или седум вакви мултифункционални центри во Скопје се во тек на изградба или почнуваат да се градат и се надеваме дека до 2027 година ќе бидат завршени и во 2028 да ги имаме девет или десет, надвор од националните објекти кои ќе можат да ги примат и странските уметници за да можеме да им обезбедиме нормални услови за работа“, кажа Љутков.

Изградбата на мултифункционалниот објект во близина на спортскиот центар „Марко Божиновски“ ќе чини  99 милиони денари за првата фаза, а потоа следи опремување.

„Во Општина Аеродром не постои културен центар. Како Министерство потпишавме над 20 договори со повеќе општини што треба да послужат на независната сцена. Тоа ќе биде простор за развој и промоција на културата на Аеродром“, рече Љутков.

Во објектот ќе има киносала со 245 столчиња, простор за изложби и мултимедијален дел комплетно опремен со сценска технологија, озвучување и осветлување. Ќе има големина од 1.400 квадртани метри.

„Општината ќе го менаџира преку своето јавно претпријатие. Веднаш по завршувањето на изградбата, со одлука на Советот е планирано да биде доделен на јавното претпријатие на Општина Аеродром, кое ќе менаџира понатаму со процесот на управување, организација на настани и издавање на просторот“, рече градоначалникот Митески.

 

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

13 часа без капка: жителите на Пржино и Водно под воден режим, институциите негираат рестрикции

Следно

Прекин на сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка кај ресторан „Фемили“ поради сообраќајна незгода

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop