Чанаќевиќ: „Охридско лето“ за музичарите во Македонија е врвот на кариерата

July 28, 2025
1 min read

Камерниот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вчеравечер се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Извонредните уметници, флејтистката Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ која свири на англиски рог, кларинетистот Здравко Ангелов, Сашо Темелковски на бас-кларинет и  Дарко Илиевски на хармоника кои се и професионални музичари во Македонската филхармонија, ја збогатија фестивалската програма на класична музика со дела напишани од македонски композитори.

Концертната вечер започна со „Минијатури“ од Благој Цанев, припадник на четвртата генерација македонски композитори.

-Ова е посебно дело што сакам да го потенцирам бидејќи  токму на вчерашниот концерт доживеа премиерна изведба  во оваа верзија и за овој ансамбл. Композицијата  „Минијатури“  е дело од македонскиот композитор Благој Цанев којшто почина пред пет години и оваа година, ние, на овој начин,  јубилејно ја одбележуваме петгодишнината  од неговата смрт изведувајќи  го ова дело во овој состав. Инаку, аранжманот за овој состав го направи неговиот внук, Филип Иванов, којшто е исто така композитор, вели Маја Чанаќевиќ.

Второто дело што го изведоа уметниците од Консонанс ансамбл „Мозаик“  е посветено и напишано  токму за овој состав од Филип Иванов, кој припаѓа на најмладата генерација македонски композитори.  На концертниот репертоар беа уште неколку композиции од композиторот Дарко Илиевски кого публиката во црквата „Света Софија“имаше можност да го види со својата хармоника како дел од овој ансамбл.

-Дарко Илиевски свири хармоника, но е и композитор кој пишува прекрасна музика што се базира на  македонскиот фолклор. Тоа не се аранжмани на македонски фолклор, туку комплетно нови композиции кои само се инспирирани од македонскиот фолклор, појаснува Чанаќевиќ.

Според неа, „Охридско лето“ преку застапеноста  на македонските музичари и композитори на фестивалската програма покажува дека негува посебен однос и почит кон македонското музичко творештво.

-Фестивалот „Охридско лето“ за нас музичарите во Македонија претставува врвот на нашата кариера. Настапот на „Охридско лето“ и со Македонската филхармонија се врвот којшто може да го достигнеме во нашата држава и сме навистина пресреќни  поради тоа што директорот на фестивалот Ѓорѓи Цуцковски и селекторката Симона Ѓорчева  годинава ни ја дадоа можноста и нè поканија  да учествуваме на 65-издание на „Охридско лето“.  Со тоа, тие покажуваат посебен  однос и почит кон  македонското музичко творештво, значи, не само кон македонските музичари, туку и кон македонското музичко творештво  бидејќи на нашиот концерт беа изведени  дела исклучиво од македонски композитори, додава Чанаќевиќ.  „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите почетоци беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денес во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој состав. Музичарите  од ансамблот кои имаат долгогодишно искуство подеднакво се посветени на оркестарската, соло и камерната музика.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип

Следно

Сончево и топло, попладне пороен дожд

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop