Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце

July 27, 2025
1 min read

Активни се пожарите во кумановските и селата од Старо Нагоричане, информираа денеска од противпожарните единици. Пожар зафати поголема површина во кумановските села Облавце, Бељаковце, Стрезовце, Руѓинце, а се прошири и кон Сув Ора.

-Пожарот веќе два дена е активен и  зафати поглема површина. На еден дел интервенираат пожарникари од Куманово,  тука се и триесетина војници од армијата. Кај Сув Ора се пожарникарите од Старо Нагоричане, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Во текот на ноќта, како што претходно пренесе информации РЦУК Куманово евакуирани биле жители од десетина куќи од кумановските села Облавце, Бељаковце и Стрезовце поради опасност од пожари.

– Од СВР Куманово, во текот на ноќта во 21:42 часот известија дека во селата Облавце, Бељаковце и Стрезовце, општина Куманово има опасност од пожар за десетина куќи, полициски службеници заедно со пожарникарите почнаа да ги евакуираат луѓето од куќите, соопшти РЦУК Куманово. Активен е и пожарот кај Руѓинце.

Во текот на ноќта пожар имало и во Бедиње во близина на бензинска пумпа, на „Никола Тесла“, во селата Тромеѓа и Табановце. Таму горела сува трева, во Доброшане опожарена била бандера, веднаш биле известена ЕВН.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел го одвлече бродот со помош за Газа до пристаништето Ашдод, ги испрашува активистите на бродот

Следно

Израел го приведе екипажот на хуманитарен брод, меѓу нив и пратенички од Франција

Latest from Blog

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop