15 активни пожари низ Македонија, алармантна состојба на терен

July 25, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во моментов во земјата се евидентирани 28 пожари на отворен простор, од кои 15 се сè уште активни, два се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.

Најкритичните подрачја се во источна, југоисточна и југозападна Македонија, каде што гори шума, ниска вегетација и сува трева. Меѓу локациите со активни пожари се:

  • Василево, Радовиш и Берово – Малешевските Планини и планината Голем Готен
  • Прилеп – села Бешиште и Дрен, со краци кон границата со Грција
  • Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа
  • Штип и Карбинци – нискостеблести шуми и сува вегетација
  • Зелениково, Желино, Старо Нагоричане и Куманово – шуми и тревни површини
  • Струмица, Велес и Росоман – пожари на отворено со ризик од проширување

Во Македонски Брод (с. Грешница) и во Шуто Оризари (ул. Брсјачка Буна) пожарите се ставени под контрола, додека екипите и натаму се активни на терен за нивно целосно ликвидирање.

ЦУК апелира до граѓаните за внимание и одговорно однесување во природа, особено во периодот на високи температури и суво време. Најголем дел од пожарите, според надлежните, се предизвикани од човечки фактор – несовесно фрлање отпушоци, палење отпад и непочитување на забраната за огнови на отворено.

Надлежните служби се мобилизирани, но се бара и поголема поддршка од локалните самоуправи и доброволци, особено во подрачја со потешко достапен терен.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јувентус сака ова лето да го врати Муани

Следно

Ројевиќ означи старт на подготовките во Охрид

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop