Ројевиќ означи старт на подготовките во Охрид

July 26, 2025
1 min read

Градскиот ракометен клуб Охрид тргна во новата етапа и ги стартува подготовките за следната сезона. Новиот проект му беше доверен на српскиот стручњак Борис Ројевиќ кој го свика и одржа првиот тренинг на „гладијаторите“. На првиот собир Ројевиќ можеше да смета на целиот тим освен на повредениот Теимураз Орјоникидѕе кој подолго отсуствува и заздравува во.

На стартот на подготовките одговорија сите новајлии во тимот, кои заедно со оние кои останаа лани ќе се обидат да се вмешаат во врвот на мак-ракометот.

„Базичните подготовки ќе се одвиваат во Охрид, нашиот град има одлични услови за тоа. Учествуваме на “Струшкиот Турнир” од 13-16 август и ќе одиграме 3 натпревари, потоа ни следи Меѓународниот Турнир “Крсте Андоновски” каде ќе одиграме 4 натпревари. Турнирот е во наша организација кој од година во година е се подобар и подобар, па пред првиот натпревар во Македонската машка ракометна лига со екипата на Алкалоид можно е да одиграме уште еден-два подготвителни натпревари. Во ЕХФ Европскиот Куп сме носители и имавме “лесен противник” кој фокусирано треба да се одработи, па чекор по чекор со мала среќа во ждребот барем да ја “презимиме” Европа и да ја полниме СРЦ Билјанини Извори и во февруари. Посакувам сите играчи пред се да се здрави, а со нивниот квалитет позитивните резултати ќе дојдат. Со одличнитот стручен штаб на чело со нашиот тренер Ројевиќ и со поддршката на нашата верна публика мислам дека често ќе се радуваме во оваа сезона“,  изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

15 активни пожари низ Македонија, алармантна состојба на терен

Следно

Скопје се сеќава: 62 години од катастрофалниот земјотрес

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop