ИФФК „Браќа Манаки“ 2025 од 20-26 септември: Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300

July 23, 2025
1 min read

Лауреат на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“е турскиот филмски режисер Семих Капланоглу.

Капланоглу е еден од најуспешните и највлијателни режисери во турската кинематографија, кој има добиено 28 меѓународни награди и 10 номинации низ целиот свет. Дебитираше во 2001 година со „Далеку од дома“, за кој ја добива наградата за најдобар режисер на Сингапурскиот филмски фестивал. Во 2005 година, неговиот втор игран филм „Падот на ангелот“,  имаше светска премиера на Берлинале Форум и доби награда за најдобар филм во Нант, а неговиот трет игран филм „Јајце“, кој премиерно беше прикажан во 2007 година на Канскиот филмски фестивал доби 30 награди. Овој филм беше првиот дел од „Трилогијата Јусуф“ што го направи Семих Капланоглу светски познат како режисер. Во 2008 година, филмот „Млеко“ премиерно беше прикажан во официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, а потоа и на низа други фестивали ширум светот и му донесе повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и наградата на ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Истанбул.

„За „Мед“, третиот дел од „Трилогијата Јусуф“, добива „Златна мечка“ на 60, издание на фестивалот во Берлин“, соопшти денеска директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Потенцираше дека ни претстои едно возбудливо, квалитетно и богато фестивалско издание.

-Остануваат официјалната програма Камера 300 со која ќе се отвори фестивалот на 20 септември во Битола, кратката програма, документарната програма, студентската програма, а годинава е враќа и макпоинт програмата во која ќе се прикажуваат филмови од македонската продукција. Досега се најавени голем број гости од земјава и странство, врвни уметници, филмски автори кои ќе ја збогатат програмата и ќе учествуваат директно во филмските работилници, мастеркласовите и пропратната програма на фестивалот, рече Доксевски.

Селекторот на главната компетиција, Слаѓан Пенев информираше дека со македонски филмови ќе се отвори и ќе се затвори фестивалот.

-Во главната програма ќе прикажеме филмови од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Торонто, Локарно итн. Денеска сакам да најавам два македонски филмови кои ќе бидат прикажани во главната програма Камера 300. Филмот на Теона Митевска, „Мајка“ ќе го отвори овогодинешното 46, издание на ИФФК „Браќа Манаки“, каде директорка на фотографија е долгогодишната соработничка на Теона Митевска, Виржини Сент-Мартан од Белгија. Сент-Мартан досега со свои филмови учествувала на неколку изданија во главната програма на ИФФК „Браќа Манаки“ има два пати освоено Сребрена Камера 300. Ќе го откријам и филмот со кој ќе биде затворен фестивалот, а тоа е македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, кој досега веќе постигна голем успех на светските фестивали, и доби две награди на „Санденс“ фестивалот, информираше Пенев.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ Е ЛАУРЕАТ НА ГОЛЕМАТА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ НА ДФРМ

Следно

Средба Муцунски-Герапетритис

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop