Средба Муцунски-Герапетритис

July 23, 2025
1 min read

Грција го отвора прашањето за неспроведување на Преспанскиот договор од македонска страна. Забелешките се нотирани на средбата во Атина помеѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот колега Јоргос Герапетритис.

Атина изразила загриженост поради зачестената употреба на името Македонија без „Северна“ од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите, објавија грчките медиуми.

„Би сакал повторно да ја нагласам поддршката на Грција за напредокот на на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, заснован на воспоставените  условености и принципот на сопствени заслуги, со посебен акцент на фундаменталните вредности. Во тој контекст, дозволете ми да ја подвлечам крајната важност на целосната, доследна и искрена имплементација на Договорот од Преспа, вклучително и употребата на уставното име на државата од страна на нејзините институции“, вели Јоргос Герапетритис.

Министерот Муцунски рече дека на средбата ја нагласиле важноста на меѓународното јавно право и обврските кои ги имаме преземено – бидејќи взаемната почит е темелот врз кој се гради трајната соработка. А во фокусот  биле и безбедноста, билатералната соработка, економијата и инвестициите.

„Ја изразив мојата благодарност за цврстата поддршка од Грција за нашиот европски пат и нејзината трајна улога во промовирањето на европската иднина на Западен Балкан.Тоа партнерство не само што го цениме – го сметаме за суштинско. Се фокусиравме и на конкретниот напредок кој носи резултати за нашите граѓани – инвестиции, трговија, инфраструктура, енергија. Разговаравме за проекти како Коридор 10 и гасниот интерконектор“, вели Тимчо Муцунски.

Муцунски се заблагодари на грчкиот колега за солидарноста што Грција ја покажа за време на трагедијата во Кочани и неодамнешните пожари близина на Дојран. „Тоа не беа само гестови на помош – туку вистински дела на пријателство“- рече Муцунски.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ИФФК „Браќа Манаки“ 2025 од 20-26 септември: Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300

Следно

Штипска Брегалница од денеска има турски сопственик

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените
Go toTop