КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ Е ЛАУРЕАТ НА ГОЛЕМАТА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ НА ДФРМ

July 23, 2025
1 min read

Композиторот и еден од најзначајните современи музичари Кирил Џајковски е годинашен добитник на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува  Друштвото на филмски работници (ДФРМ), кажа на денешната прес-конференција, претседателот Игор Иванов-Изи.  Наградата на Џајковски ќе му биде врачена на затворањето на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера ИФФК „Браќа Манаки” во Битола, на 26 септември.

„Џајковски е филмски композитор, но пред сѐ познат скопјанец, творец на културната сцена и културниот профил на нашиот град и на нашата држава. Го знаеме од неговиот бенд ‘Бастион’, потоа се појави во ‘Леб и сол’ во албумот ‘Како какао’ и направи еден извонреден исчекор за овој скопски бенд, потоа почна да работи на театарски претстави и на филмското платно, а за неговите диџејски и соло проекти воопшто да не зборуваме. Синоним за современиот македонски звук, Џајковски е еден од најзначајните композитори и продуценти, познат по спојот на традиционални балкански мотиви со современи електронски ритми. Неговата музика е составен дел од најгледаните македонски филмови, меѓу кои ‘Бал-кан-кан’ и ‘Трето полувреме’ на Дарко Митревски, ‘Прашина’ ,’Врба’ и ‘Сенки’ на Милчо Манчевски, ‘Големата вода’ и ‘Пиарги’ на Иво Трајков (за ‘Големата вода’ ја доби наградата за најдобра музика на Фестивалот во Валенсија), како и “Балканот не е мртов’ на Александар Поповски“, рече Иванов.

Тој додаде дека, со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатната уметничка визија на Џајковски, кој со својата музика ја збогати филмската и културната меморија на Македонија.

Џајковски на 15 јуни со концерт во придружба на симфониски оркестар и хор во Националната опера и балет (НОБ) прослави 25 години правење филмска музика.

Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, актерка (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) ,Горјан Тозија, филмски продуцент (2022) Лабина Митевска, актерка и продуцент (2023) и Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер (2024).

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кривични пријави против двајца пиромани од Струга и струшко

Следно

ИФФК „Браќа Манаки“ 2025 од 20-26 септември: Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300

Latest from Blog

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го презентираше еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – целосна реконструкција и трансформација на улицата „Ферид Мурат“. Проектот, кој опфаќа делница долга

Овие 10 професии се најстресни: Ако сте во една од нив, можно е да има последици и по вашето здравје!

Пандемијата и појавата на работа од далечина и флексибилни работни места – проследено со „враќањето во канцеларија“ – исто така го променија начинот на кој го доживуваме стресот на работа и во

Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата

Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана.  Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија. Извор: vecer.mk

Фатих Терим ќе биде селектор на Чешка

Искусниот турски стратег, Фатих Терим е најсериозниот кандидат да ја води репрезентацијата на Чешка. Некогашниот селектор на Турција, и легенда на фудбалот во оваа земј,а последно беше на кормилото на тимот на

Кои два хороскопски знаци се „најинтелигентни“?

Астролозите забележуваат дека, и покрај бројните фактори што влијаат на интелигенцијата, два хороскопски знака редовно ги издвојуваат најпаметните умови. Девица и Водолија гордо ја носат титулата оние чии претставници често освојуваат научни,
Go toTop