Шукова : Скопје мора да се врати на граѓаните – со конкретни проекти ќе го вратиме сјајот на главниот град

July 22, 2025
1 min read

Во интервјуто за ТВ Сител, Шукова се осврна на трите најгорливи проблеми со кои секојдневно се соочуваат скопјани – јавниот превоз, чистотата и водоснабдувањето. Потенцираше дека состојбата со јавниот превоз е неприфатлива и дека граѓаните секојдневно трпат, возејќи се во автобуси без основни услови, дури и во најтоплите денови.

„Секој граѓанин заслужува безбеден јавен превоз, безбедно да стигне на своето работно место, безбедно да стигне нашето дете во училиште. Ние го разгледуваме сериозно уште еднаш брзиот систем т.е. БРТ системот. Можеби тој систем треба да претрпи мали модификации, ќе го разгледаме уште еднаш и мислам дека е добар модел за градот Скопје. И секако се потребни и еколошките автобуси. Граѓаните не заслужуваат ваков јавен превоз, особено не на овие горештини, мора да се направи под итно нешто“, рече Шукова.

Говорејќи за приоритетите што му се потребни на главниот град, Шукова посочи дека во моментов сериозен проблем во Скопје е водоснабдувањето, за што делумно причина се климатските промени, но и дивите приклучоци.

„Информациите се дека изворот на Рашче нема доволни количини на вода. Тоа секако е делумно заради климатските промени, меѓутоа делумно е заради загубите на системот за водоснабдување на Скопје. Проценките не се од сега, проценките се години наназад дека повеќе од 50 проценти од водата се губи. Голем дел од водата се губи, се краде, за жал – има многу диви приклучоци во Скопје. Едноставно е да кажете дека не смее да има ниту еден див приклучок, меѓутоа мора да направите систем. Како тоа да го решите? Ние работиме секако на решение кое што ќе ги вклучи сите овие сегменти, ќе понудиме ефикасно решение“, рече Шукова.

Во интервјуто Шукова посочи дека СДСМ активно работи на клучните капитални проекти кои ќе бидат понудени во нејзината програма, а кои ќе бидат одговор на потребите на скопјани.

„Нас ни е важна поддршката од секој граѓанин. Јас се надевам дека граѓаните ќе препознаат во мене лик кој што знае и кој што може. Она што го спроведував со години на централно ниво, сега можам да го спроведам и на локално ниво. Ќе излеземе со она што навистина им треба на граѓаните, а тоа е улиците да ни бидат чисти, да има чиста вода за пиење, безбеден јавен превоз и сè друго што му е потребно на главниот град“, порача потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник на Скопје, Каја Шукова.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четирите ромски партии дел од власта очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да им го отстапи изборот ним за кандидат за градоначалник на Шутка

Следно

ПОЧИНА ОЗИ ОЗБОРН, ФРОНТМЕНОТ НА „БЛЕК САБАТ“ И КУМ НА ХЕВИ МЕТАЛОТ

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop