Филмот „Мајка“ на Теона Митевска ќе ја отвори програмата „Хоризонти“ на Венецијанскиот филмски фестивал

July 22, 2025
1 min read

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има честа да ја отвори програмата Хоризонти на првиот натпреварувачки ден на годинешното издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Македонија повторно ќе биде дел од еден од најстарите и најпрестижни филмски фестивали во светот, а со „МАЈКА“ ќе се натпреварува за награди во повеќе категории – режија, сценарио, најдобар филм, актерски остварувања и други.

Ова е трет пат како Теона Стругар Митевска се претставува со свој филм во официјална програма на фестивалот во Венеција, по „Најсреќниот човек на светот“ (селекција Хоризонти, 2022) и експерименталниот „Дваесет и еден ден до крајот на светот“ (селекција Авторски денови, 2023).

„МАЈКА“ е филм инспириран од животот на Мајка Тереза, особено од нејзината внатрешна борба да ја оствари својата визија и хумана мисија. Идејата за филмот започна да се развива пред повеќе од десет години, за време на подготовките и снимањето на документарниот филм ‘Тереза и јас’, проект финансиран од Македонската радио телевизија. Делото што го остави зад себе оваа жена, како и нејзината духовна енергија што сè уште се чувствува во Калкута, длабоко ја допре Теона и ја разбуди нејзината авторска потреба за ново филмско истражување. Оттаму започна нејзината соработка со еден од најистакнати македонски писатели, Гоце Смилевски, кој по години посветено истражување и пишување го создаде сценариото за филмот ‘МАЈКА’.“ – изјави Лабина Митевска, продуцент на филмот.

Никола Ристановски ја толкува улогата на отец Фредерик, покрај шведската актерка Номи Рапас („Девојката со тетоважа на змеј“, 2011)  во улогата на Мајка Тереза и Силвија Фокс во улогата на сестра Агнешка.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Шведска, Индија, Босна и Херцеговина и Данска. Поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Белгиската национална и регионална филмска поддршка, Белгиската национална телевизија, Шведскиот филмски фонд, шведски регионални фондови, Филмскиот фонд од Сараево и Индиската канцеларија за повраток на данок.

Директор на фотографија е Виржини Сен Мартан од Белгија, долгогодишен соработник на Митевска. Сценографијата е дело на Вук Митевски, прв асистент на режија е Јане Ќортошев, сценариото го потпишуваат Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ.

Селекцијата „Хоризонти“ на Венецијанскиот филмски фестивал, која годинава ќе биде отворена со македонскиот филм „МАЈКА“, е наменета за филмови што внесуваат нови естетски и изразни правци во современата кинематографија. Особено се вреднуваат дела со иновативен пристап во раскажувањето, визуелниот стил и филмскиот јазик.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата брза да ја донесе одлуката за линеарно зголемување на пензиите, пред изборите

Следно

ЦУК: Активни седум пожари во земјава, четири под контрола

Latest from Blog

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека
Go toTop