Бројот на жртви по падот на авион врз училиште во Дака се искачи на 27

July 22, 2025
1 min read

Бројот на загинати од падот на авион за тренинг на воздухопловните сили на Бангладеш врз училиште во Дака се искачи на 27 лица, од кои повеќето се ученици, соопштија локалните власти.

Кинескиот борбен авион F-7BGI вчера се урна врз двокатната зграда на училиштето „Мајлстоун Скул енд Колеџ“ во северниот дел на главниот град.

Првично беа пријавени 20 загинати и околу 171 повредени, а седуммина починаа од повредите во текот на ноќта, пренесе ДПА.

Саједур Рахман, помошник на шефот на привремената влада, Мухамед Јунус, денеска изјави дека бројот на загинати се искачил на 27. Меѓу нив се пилотот и 25 деца, рече тој.

Идентитетот на шестмина од починатите се уште не може да се утврди, а околу 78 лица, претежно ученици и многумина со изгореници, се лекуваат во различни болници, рече тој.

Падот се случил неколку минути откако авионот полетал вчера попладне, според медиумската дивизија на војската на Бангладеш. Оттаму соопштија дека пилотот на тренажниот авион забележал техничка неисправност набргу откако полетал од воздухопловната база Курмитола во Дака.

Во моментот на падот многу деца сè уште биле присутни во училиштето, кое е наменето за ученици од основно до 12-то одделение. Владата денеска прогласи ден на национална жалост за да им оддаде почит на загинатите. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Венус Вилијамс за својата прва победа откако ја продолжи кариерата: Убаво е што можам да играм

Следно

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за в среда

Latest from Blog

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна
Go toTop