Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница

July 21, 2025
1 min read

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари вечерва на Фејсбук објави документ кој, како што вели, му е доставен на министерот за здравство Азир Алиу на 15 овој месец и во кој се дава негативен одговор за вработување на неопределено време на 155 работници за Клиничката болница во Тетово.

„Барањето е доставено до Министерството за здравство на 2 јули 2025 година, односно во време кога Азир Алиу беше министер и на него е добиен негативен одговор од Министерството за финансии. Зошто не влијаевте да добиете позитивен одговор? Сите овие вработувања, вклучувајќи ги 300 + 300 специјализанти, ви ги оставив подготвени. Првата група речиси ја завршив. А каде сте со втората група на врботување на 300 специјализанти? Сите вработувања беа во фаза на подготовка, за што сведочат сите документи. Секое барање од здравствените установи што пристигнало во Министерството додека јас бев министер, во рок од неколку дена беше проследено до Фондот за здравство, односно до Министерството за финансии“, се вели во објавата на Таравари.

Таравари во објавата на Фејсбук упатува и неколку прашања до министерот Алиу. 

„Рековте дека 300 здравствени работници ќе бидат сместени во Трговскиот центар Лимак од 1 јули. До каде е оваа постапка? Зошто толкаво доцнење? До каде сте со бесплатните прегледи за секој што наполнил 40 години? Доставивте информација до Владата за да ѝ се продолжи на Градот Скопје надлежноста за надгледување на паркингот кај Клинички центар. Дали имаше некаков договор? Зошто ја повлековте истата? Што се крие зад ова? Правите реформи во системот „Мој термин“, а сè уште немате договор за одржување. Како ќе го спроведете тоа без договор? За изградбата на ѕидот кај УК за Детски болести обезбедив буџет, има владина одлука, па те потсетувам дека треба да се изгради што е можно побргу, бидејќи претставува опасност!“, напиша Таравари на Фејсбук. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Василевски се приклучи на подготовките во Гевгелија

Следно

Полска вечер на Охридско лето со Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop