Меџити за Ахмети: Нема луѓе за овие локални избори, од 15 општини, 8 ги даде на Алијансите!

July 21, 2025
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, жестоко ја критикуваше Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети, истакнувајќи дека партијата е во слободен пад и нема човечки капацитет за претстојните локални избори што треба да се одржат на почетокот на октомври.

Во емисијата „Само Вести“ на телевизија Канал 5, Меџити изјави:

„ДУИ од 15 општини ќе се кандидира само во 7, додека 8 ги има отстапено на Алијансите. Од 11 општини кои моментално ги води, во најдобар случај може да смета само на 7.“

Според Меџити, ова е јасен доказ дека Али Ахмети веќе нема кадар за да му се спротивстави на ВЛЕН на изборите, и дека ДУИ се откажува од сѐ само за да се спаси самата себеси.

„ДУИ одлучи на овие локални избори да даде сѐ, само за да ја спаси својата кожа,“ рече Меџити, најавувајќи дека политичкото соочување на локалните избори ќе биде клучно за судбината на ДУИ.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити на Канал 5: Данела Арсовска води националистичка и антиалбанска кампања со помош на Блерим Беџети

Следно

Меџити: Бујар Османи живее во дивоградба. Тој нема морален кредибилитет да зборува за Чаир!

Latest from Blog

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во
Go toTop