Меџити: Бујар Османи живее во дивоградба. Тој нема морален кредибилитет да зборува за Чаир!

July 21, 2025
1 min read

„Кога станува збор за бесправната градба во Чаир, на сите веќе им е јасно зошто не зборуваат експонентите на Демократската унија за интеграција. И самиот нивен кандидат за Чаир, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, живее во објект изграден без дозвола и затоа тој нема морален капацитет да зборува на оваа тема.“

Со оваа директна изјава, првиот заменик-претседател на Владата и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, упати жестока критика кон ДУИ и нејзиниот потенцијален кандидат за општина Чаир, Бујар Османи.

Во гостувањето во емисијата „Само Вести“ на телевизија Канал 5, Меџити изјави дека молкот на ДУИ по однос на обвинувањата за бесправни градби во Чаир не е случаен, туку намерен.

Според него, целата структура на ДУИ се крие зад националистичката и раздорна кампања на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Целата ДУИ се сокри зад Данела Арсовска и нејзината црна кампања против Чаир“, изјави Меџити.

Изјавите на Меџити претставуваат уште една остра конфронтација во пресрет на локалните избори, каде што Чаир се очекува да биде една од најжестоките политички битки меѓу ВЛЕН и ДУИ.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити за Ахмети: Нема луѓе за овие локални избори, од 15 општини, 8 ги даде на Алијансите!

Следно

ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија – синдикалната кошничка порасна на 65.328 денари

Latest from Blog

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во
Go toTop