Отворен Летниот европски младински олимписки фестивал – Сиљановска Давкова: Организацијата на ваков спортски настан претставува голема чест!

July 21, 2025
2 mins read

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на ваков реномиран меѓународен спортски настан претставува голема чест за државата.

Според неа, 4.000 спортисти-учесници ja манифестираат убавата страна на сегашноста, ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.

За претседателката, ова не е само врвен спортски собир, туку е симбол на младоста, генератор на заедништвото и солидарноста, креатор на европскиот културен и спортски дијалог, во кој спортистите не се претставуваат само себеси и своите земји, туку промовираат и спортско витештво, пријателство и фер однос и кога победуваат и кога губат.

Сиљановска-Давкова ги охрабри младите да продолжат да го развиваат олимпискиот дух, нагласувајќи: Верувам дека уште еднаш ќе покажеме и ќе докажеме дека сме хумани и добри домаќини, народ со страсна спортска публика, што знае да бодри, поттикнува и наградува.

Летниот европски младински олимписки фестивал се одржува од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово. На свеченото отворање, покрај претседателката Сиљановска-Давкова се обрати претседателот на Европскиот олимписки фестивал, Спирос Капралос, а беше изведена „Парада на делегациите“и танцова изведба од Националната опера и балет.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Голема е честа да се биде земја домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал на којшто се собраа околу 4000 спортисти кои ja манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.

Летниот европски младински олимписки фестивал е врвен спортски чин, симбол на младост и на витештво во натпреварувањето, генератор на заедништво и на солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог.     

Храбро и со задоволство го прифативме предизвикот да го организираме и да го реализираме овој настан, невозможен без сложена логистика, детално планирање, соработка и комуникација. За среќа, на помош притекнаа околу 700 волонтери, вистинска ударна сила којашто гарантира успешен тек на натпреварите и целосно остварување на богатата спортска агенда.   

Им изразувам огромна благодарност за посветеноста и за искрената желба да придонесат за квалитетот на фестивалот. 

Посакувам да ја оправдаме укажаната доверба. Верувам дека како држава, како општество и како граѓани, уште еднаш ќе покажеме и докажеме дека сме хумани и добри домаќини и дека имаме страсна спортска публика, што знае да бодри, поттикнува и наградува.

Олимпискиот фестивал е ретка можност за учесниците и за гостите да остварат непосредна средба со македонската култура.

Натпреварот во 15 спорта е голем предизвик за вас. Знам дека вие не се претставувате само себеси и вашите земји, ниту манифестирате само вештини, знаење и физичка подготвеност, туку промовирате и спортско витештво, пријателство и фер однос и кога победувате и кога губите. 

Вие симболизирате здрав животен стил, давајќи им позитивен пример на вашите врсници како најдобро, најумно и најкорисно може да се осмисли и исполни времето преку прекрасниот аматерски спорт, но и како може преку постигнување извонредни резултати и градење силен олимписки дух да се отворат портите на професионалното спортување.

Во вашите тинејџерски години не го развивате само телото, туку и духот, растете и созревате како личности на кои се угледуваат и со кои се споредуваат генерации млади луѓе.

Вие сте идните спортски херои за кои ќе пишуваат медиумите и социјалните мрежи.

Неспорно е дека спортот има огромна моќ да обединува, да ги брише расните, етничките, верските и социјалните разлики, да овозможува рамноправна битка, од која, без оглед на конечниот резултат, сите учесници се морални победници.   

Продолжете да го развивате олимпискиот дух, да ширите добра волја и пријателство, да праќате пораки за мир.  

Ве охрабрувам во спортските битки да го вложите најдоброто од себе и ви посакувам успех на натпреварите.

Надвор од спортското поле, од срце ви пожелувам незаборавни моменти коишто ќе ве потсетуваат на овој спортски фестивал.

Дозоволете ми да го прогласам Летниот европски младински олимписки фестивал за отворен!

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка – Треска во наредните четири дена

Следно

Палестински деца на Западниот Брег протестираа против израелските напади

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на
Go toTop