Ердоган: „Кипарските Турци не можат да си дозволат да изгубат уште 60 години“

July 20, 2025
1 min read

ЛЕФКОША (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во рече дека кипарските Турци не можат да си дозволат да изгубат уште 60 години и додаде дека е време да се надмине „застарениот модел на федерација за островот поддржан од ОН“, известува Анадолу.

Претседателот Ердоган се обрати на официјалната церемонија по повод „Денот на мирот и слободата во Турската Република Северен Кипар“ во Лефкоша

Во својот говор Ердоган се осврна на нападот на кипарските Грци врз турското население на островот и за интервенцијата на Турција со цел да ја спаси турската популација на островот.

„Со истоварувањето на турските војници на островот (1974) за време на мировната операција на Кипар, целиот свет виде дека кипарските Турци не беа сами“, истакна турскиот претседател Ердоган.

Зборувајќи за угнетување што ги претрпеле Турците на островот, Ердоган посочи дека не заборавиле што им се случило на кипарските Турци и дека ќе направат сè што е потребно за да спречат таквата болка да се повтори.

Зборувајќи дека кипарските Турци не можат да си дозволат да изгубат уште 60 години, претседателот Ердоган рече дека е време да се надмине застарениот модел на федерација за поддржан од ОН.

Тој истакна дека се инсистира на модел на решение од кој кипарските Турци јасно ја повлекле својата поддршка и кој многу пати претходно никому не му користел.

„Иако кипарските Грци се обидуваат да се прикажат како единствени владетели на островот, Турската Република Северен Кипар сега е претставена во Организацијата на турските држави и Организацијата за исламска соработка“, рече Ердоган и ја повика глобалната заедница да воспостави и дипломатски и економски врски со Турската Република Северен Кипар, потенцирајќи дека мора да се дозволат и директни летови и трговија.

За иднината на ТРСК и Турците на островот, претседателот на Турција вети:

„Кипарските Турци засекогаш ќе живеат слободни во својата татковина, со целосна поддршка на Турција, без разлика што зборуваат сите.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Де Брујне за преминот во Наполи: Сакав да играм на највисоко ниво

Следно

Пронајдено безживотно тело пред хотел „Инекс“ и претседателската вила во Охрид

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop