Во Охрид вечерва промоција на новите книги на Енис Хилми и на Тина Иванова

July 19, 2025
1 min read

Вечерва, во 19 и 30 часот во Ликвид кафе, стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки.

Пред публиката во Охрид, за прв пат ќе биде претставено второто, дополнето издание на збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми од Охрид, која за ова дело ја доби годишната награда „Новите“, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година, што ја доделува Темплум.

За награденото дело на Хилми, ќе зборуваат промоторите, Елизабета Шелева и Стефан Алијевиќ.

На промоцијата ќе биде претставена и првата книга раскази „Danse Macabre“, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот, од музикологот и писателка Тина Иванова, за која ќе зборува Мерсиха Исмајлоска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ Кочани, до премиерот Мицкоски: Објавете ја целосната снимка од состанокот во Владата!

Следно

ЦУК: Активни шест пожари во Македонија

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop