МЕРМС: 520 милиони денари за шест месеци, двојно поголема наплата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини

July 18, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260 379 123 денари. Ова, како што наведуваат, претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари.

– Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260 327 223 денари, што е повеќе од двојно во споредба со 110 576 324 денари во првиот квартал од 2024 година. Збирно, за првите шест месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 500 000 000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси на Република Македонија, се вели во соопштението.

Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите кои се уште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот.

– Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли: редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски, писмени опомени и санкции: испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Во тек се постапки за раскин на уште десетина договори. Нов рарифник од 1 јануари 2025: воведен е нов тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100 отсто, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат: зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30 отсто, надоместок за експлоатација на мермер: пет отсто од приходот од продадената суровина, зголемување на надоместокот за метални минерални суровини од два на четири отсто, просечно зголемување над 100 отсто за неметалични минерални суровини, се вели во соопштението.

Овие измени, како што нагласуваат, не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Според ресорното министерство, зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.

– Овие средства се инвестираат во: изградба и одржување на комунална инфраструктура, проекти за енергетска транзиција и одржлив развој и иницијативи за заштита на животната средина. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници, стои во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Судирите во Сувејда предизвикаа хуманитарна криза

Следно

Владата демантира: Жалиме за впечатокот што се доби во јавноста

Latest from Blog

Денес е Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Се враќа Роки, но без Сталоне- прв пат се појави актерот што ќе го замени (ВИДЕО)

Студиото Amazon MGM ја откри првата фотографија од актерот Ентони Иполито, познат по серијата „Понудата“, во улогата на младиот Сталоне во филмот „Јас го играм Роки“. Станува збор за биографска драма што

По жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД

Ла Лига го потврди откажувањето на натпреварот Виљареал – Барселона кој требаше да се одигра во САД. Во соопштението објавено, Ла Лига вели дека по разговорите со организаторот на официјалниот натпревар во
Go toTop