„Неограничените акции на Израел го дестабилизираат регионот, потребно е итно запирање“, објави турското МОД

July 17, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Неограничените акции на Израел го дестабилизираат регионот и предизвикуваат хаос и веднаш мора да бидат запрени агресивните потези коишто би можеле да доведат до неповратни последици, објави турското Министерство за национална одбрана денес, известува Анадолу.

„Турските сили и персоналот на сириска територија, испратени таму на антитерористички мисии зад границата, не се соочуваат со никакви потешкотии по израелските воздушни напади врз Сирија“, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за национална одбрана, Зеки Актурк, на брифингот во главниот град Анкара.

Израелската Армија во средата започна воздушни напади врз сирискиот главен град Дамаск, како и врз подрачјата на Сувајда и Дара, под изговор дека ја заштитува заедницата Друзи.

Наводно, уште еден напад следувал ова утро врз сириска воена база.

Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во нападите животот го загубиле повеќе од 30 лица, а речиси 100 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три возила опожарени во Аеродром

Следно

Спектакуларна полумесечина над касарната Селимије во Истанбул

Latest from Blog

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во
Go toTop