Заедно за нови успеси на машката кошаркарска репрезентација

July 16, 2025
1 min read

Заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите за Светското првенство Катар 2027. Комерцијална банка стана генерален спонзор на Македонската кошаркарска федерација и обезбеди значајна поддршка за нови успеси на сениорската машка кошаркарска репрезентација.

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев изрази благодарност за поддршката:

– На мое големо задоволство, како и на целата кошаркарска федерација, се потпиша договор за Генерално спонзорство помеѓу Македонската кошаркарска федерација и Комерцијална банка.

Ние како Федерација ќе направиме сè што е во наша моќ да ја оправдаме довербата и секако, во иднина да имаме основа за продолжување доколку има интерес.

– Поддршката на спортот е поддршка на вредности кои се темел на секое здраво општество – дисциплина, тимска работа, истрајност и почит. Горди сме што стануваме дел од кошаркарската приказна и веруваме дека заедно ќе инспирираме нови генерации да сонуваат и да победуваат, изјави Хари Костов во име на Комерцијална банка.

Ова партнерство претставува повеќе од поддршка – тоа е заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите за Светското првенство Катар 2027, за поттик на младите генерации, за нови спортски јунаци кои ги градат своите соништа под обрачите.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европските земји изразија загриженост поради израелските воздушни напади врз Сирија и повикаа на деескалација

Следно

Турција ги осуди израелските напади врз Дамаск

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop