Средба Мисајловски – Пирс во Лондон: Македонско-британската соработка во одбрана на највисоко ниво, придонесот кон регионалната безбедност прв приоритет

July 16, 2025
1 min read

Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски кој е во работна посета на Обединетото Кралство, утрово се сретна со специјалната претставничка за Западен Балкан, дама Карен Пирс со која разговараше за стабилноста и безбедноста на регионот, геополитичките предизвици и развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји.

„Обединетото Кралство го сметаме за еден од најсилните и најважните сојузници во Алијансата. Нашата одбранбена соработка е исклучително силна и видлива, особено преку големиот број заеднички активности и британската поддршка во развојот на одбраната и Армијата“, рече министерот.

Мисајловски се осврна и на регионалната безбедност, за која рече дека е „исклучително важна во време на сериозни геополитички предизвици“, потврдувајќи дека македонската Армија ќе продолжи да дава свој придонес во мисијата на НАТО на Косово, КФОР. „Како еден од столбовите на регионалната сигурност, остануваме целосно посветени на учеството на Армијата во оваа мисија“, потврди тој.

Во рамки на посетата, министерот Мисајловски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински остварија средба и со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас со кого разговараа за можната идна соработка во доменот на наменското производство, имајќи ја предвид заедничката декларација од Самитот на НАТО во Хаг, каде сојузниците се обврзуваат да ја зајакнат соработката во доменот на одбранбената индустрија и развојот на нови и напредни технологии.

Во поддршка на оваа цел министерот Мисајловски оствари средби со повеќе владини органи во Агенцијата за извоз и финансирање на Владата на Обединетото Кралство кои работат на полето на сајбер безбедноста, финансирање и поддршка на проекти, развој на нови и напредни технологии во делот на одбранбената индустрија и во делот на набавките.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битолски театар го реконструира патот до Ротинско езеро за премиера на театарска претстава

Следно

Израел изведе напад врз комплексот на Генералштабот на сириската армија во Дамаск

Latest from Blog

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Причината за инцидентот засега е непозната. Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка. Телата

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

Претседателот на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, побара од поранешниот министер за здравство и лидер на СДСМ, Венко Филипче, како и од Рената Младеновска, веднаш да одговорат зошто, како

Димитриеска-Кочоска: Првата листа на јавни инвестиции е значајна реформа во управувањето со јавните финансии

Тетово, Штип, Кичево и Битола меѓу приоритетите: Владата ја објави првата конечна листа на јавни инвестиции Скопје, 11 август 2026 – Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, здравството, образованието,

Проданоски со апел до граѓаните поради топлотниот бран: „Внимателно на високите температури“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати апел до граѓаните, работодавачите и вработените за зголемена внимателност поради високите температури и актуелниот топлотен бран. Проданоски потсетува дека е активирана Фаза 2 од Акцискиот
Go toTop