Само две од 60 здравствени пријави добија „црвено светло“: Министерството за здравство најавува стандарди, дигитална координација и инвестиции од 205 милиони евра

July 16, 2025
1 min read

Од почетокот на јули, граѓаните испратиле повеќе од 90 пријави преку новата мобилна апликација на Министерството за здравство. Работната група што секојдневно ги разгледува наодите веќе процесирала 60 случаи, но само две содржат доволно индикации за поголема институционална истрага, соопшти министерот Азир Алиу.

„Нема финансиски злоупотреби, туку лоша организација на услугите: доцнење на резултати, долги листи за чекање, злоупотреба на термините. Ќе седнеме со засегнатите установи да видиме зошто редот не функционира“, изјави Алиу.

Најмногу поплаки доаѓаат од Скопје, а проблемите најчесто се однесуваат на чекање по два‑три часа за преглед или резултат.

Национална програма за кризен менаџмент

Министерството паралелно стартува Национална програма за отпорност на здравствениот систем, која треба да постави стандарди, протоколи и дигитална платформа за брза координација меѓу здравствените и безбедносните служби. „Ако утре има земјотрес, ќе знаеме кој точно и како реагира“, вели Алиу.

205 милиони евра за нови и реновирани болници

Алиу најави и инвестиции од 205 милиони евра:

  • Штип – нов клинички комплекс со Медицински факултет и студентски дом (147,65 млн €)
  • Тетово – два нови павилјона и реконструкција на постојните хируршки и интернистички блокови (40 млн €)
  • Кичево – целосно нова општа болница на нова локација (18 млн €)

Со дигиталниот надзор над поплаките и капиталните проекти, Министерството уверува дека ќе се скрати времето од пријава до решавање на проблемот и ќе се подигне квалитетот на услугата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Следно

Битолски театар го реконструира патот до Ротинско езеро за премиера на театарска претстава

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop