Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек

July 15, 2025
1 min read

Публиката на „Охридско лето“ вчеравечер  се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник  Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“.

Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки оваации од страна на љубителите на класичната музика.

Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2026 година, Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри.

-Многу сум среќен што сум тука,  првпат во Македонија и одбрав музика која што многу ја сакам, композитори кои ми се блиски до срцето, особено Роберт Шуман. Имаше и  чешка музика бидејќи сум роден во Република Чешка. Обично свирам во модерни концертни сали , но оваа црква е навистина специјално и инспиративно место за мене, рече пијанистот Вондрачек.

Концертот се одржа во рамките на традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“ поддржана од Амбасадата на Република Чешка во нашата земја.

-Секоја година имаме музичари од Република Чешка, и оваа година исто така имаме наш многу познат музичар,  Лукаш Вондрачек. И претходно на Чешката вечер на фестивалот настапиле  многу други извонредни уметници.  Се надевам и во претстојните години ќе ја продолжиме оваа традиција, истакна чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Програмата на класична музика на годинешното 65. „Охридско лето“ продолжува вечерва со исто така традиционалната Вечер на Европска унија на која целовечерен концерт ќе одржи францускиот квартет „Модиљани“.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Месечината, Сатурн и Нептун во тесен танц над Македонија вечерва

Следно

ЦУК: Активни шест пожари во државава, три изгаснати

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop