Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

July 15, 2025
1 min read

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти.  Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август, и ќе трае од 10 до 17 септември 2025. 

Студентите кои ќе аплицираат за легло во некој од студентските домови треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk  Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови ќе останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сè до нивното пополнување, но најдоцна до 30 ноември 2025. 

Според  Конкурсот што го објави Министерството за образование и наука, слободни се вкупно 4264 места во студентски домови во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 место се наменети за бруцоши, а 3413 места се за студенти од втора и повисоките години на студии.

Поради реновирање, затворени се домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје кои, според најавите од МОН, повторно ќе примаат студенти од вториот семестар на претстојната академска година.

Најмногу места во главниот град има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (1212), во ДСД „Пелагонија“ на располагање се 997 места и 335 во ДСД „Томе Стефановски Сениќ“. 

Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола има вкупно 385 слободни места за сместување студенти, 242 се слободни во ДСД „Никола Карев“ во Охрид, 330 во ДСД „Орде Чопела“ во Прилеп.

Во Штип студентите може да изберат сместување во три дома: ДСД „Браќа Миладиновци“ (236) и во приватните ПСД „Хилјадников“ (60) и ПСД „Логос“ (52). 

Два дома се на располагање во Тетово: државниот студентски дом „Тетово“ располага со вкупно 295 легла и приватниот ПСД УЈИЕ – со вкупно 120 места.

Во Конкурсот на МОН се појаснети условите за прием на студенти во домовите, начинот на електронското пријавување, начинот на кој се врши распределбата на расположивите места, документите потребни за аплицирање, конкурсните рокови и постапката за прием во студентските домови. 

Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен најдоцна до 6 септември 2025  на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговорите по резултатите ќе се доставуваат во самиот дом каде што имаат аплицирано во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Конечниот список за прием на студентите од прва година, пак, ќе биде објавен најдоцна до 30 септември 2025, а приговор ќе може да поднесат во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Како што е наведено во објавениот Конкурс, студентите кои ќе бидат примени треба да се вселат почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција го одбележува 15 Јули, Ден на демократијата и националното единство

Следно

Од денес поскапи сите горива – бензините одат горе за 1,5 денари, дизелот 71,5 ден./л

Latest from Blog

ЛЕ: Ц. Звезда славеше во Шведска и обезбеди најмалку плеј-оф, Лион и Астон Вила се во 1/8-финале

Фудбалерите на Црвена Звезда се пласираа во следната фаза од Лигата на Европа откако го победија Малме на гости со 0:1 во 7. коло од натпреварувањето. Во еден интензивен натпревар, дисциплиниран речиси

Ристовски: Субвенциите ги заменија ваучерите за поправедна распределба на средствата

Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026. – Со ваучерите се добиваше лист хартија и

Јанкулоска: СЈО се користеше за политички цели, не за правда

Застарел дел од предметот „Талир 1“, поврзан со наводното нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде повторно разгледуван, а судењето ќе почне од почеток по шести пат. Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни

Објавени се номинациите за „Оскар 2026.“ – Дикаприо или Шаламе? (ВИДЕО)

Дознавме кои филмови ќе се натпреваруваат за престижните златни статуетки. Можете да го погледнете објавувањето на номинациите за Оскар во видеото: Подолу е листата на номинирани за „Оскар 2026“. Најдобар филм Бугонија

МИРИСОТ ШТО ДОАЃА СО ГОДИНИТЕ

Стареењето со себе не носи само брчки, седа коса и промени во енергијата, туку и суптилни промени за кои ретко се зборува. Една од нив е специфичниот телесен мирис што може да
Go toTop