„МакеДокс“ во Кочани: Да се погрижиме за реалноста сега, за да имаме иднина после

July 15, 2025
1 min read

Патувачкото кино на „МакеДокс“ денеска пристигна во Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот.

На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар.

-Во свет што толку бргу се менува, па „човек не може двапати да влезе во иста река“, станува сè потешко да се разликува вистината од вештачката интелигенција и сè понеподносливо да се прифати дека постојат повеќе истовремени – а најчесто и неверојатно различни – реалности. Но, дури и во свет на контрадикторности, има нешто што човек, сепак, може беспогрешно да го разликува, иако се чини дека го снемува додека сè наоколу незапирливо тече. Тоа е она што никогаш не би требало да се промени, тоа е она што сакаме повторно да го исполни воздухот ко мирисот на липите во јуни и да натежне ко дрвјата полни со дудинки, велат од „МакеДокс“.

Тоа, како што посочуваат во соопштението, е обѕирноста, тоа е грижата за другиот, тоа е спремноста да се радуваме и да сочувствуваме со него…. 

-За реалноста би требало секому да му биде гајле. Уште повеќе кога реалноста е мачна, од непребол тешка, навидум безизлезна, па сакаме да е невистинита. Кога е таква, секој од нас треба да стори онолку колку што може, оти секој може да стори барем по нешто. Кога е таква, мора да го свртиме погледот не подалеку од болката, бесот и безнадежноста, туку токму кон нив и со сета сила да го преточиме субјективното во колективен чин на поддршка и да создадеме простор каде што ќе биде безбедно и добредојдено да се чувствува и наглас да се зборува за тоа. Оти, парадоксално, токму таму, од колективното извираат смислата и силата да се плови низ реалноста, истакнуваат од „МакеДокс“.

Секој од нас, додаваат, може да стори барем по нешто за сегашноста да биде поинаква. Ако ни е гајле за реалноста сега, нема да мора да береме гајле за иднината после.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, а се реализира во соработка со Support Kochani, НУ Центар за култура „Бели мугри“ и Општина Кочани.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски тврди дека над 150 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кај бизнисот

Следно

Лука Модриќ го облече дресот на Милан

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и

Штип, Тетово и Кичево добиваат модерни болници

Министерството за здравство интензивно работи на значително зајакнување на јавното здравство преку системска реконструкција, доградба и изградба на здравствени објекти, со цел обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и
Go toTop