Бум во градежништвото: во мај издадени 80 % повеќе дозволи за градба

July 14, 2025
1 min read

Во мај годинава се издадени 469 одобренија за градење, што претставува скок од 80,4 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Полошкиот регион предничи со 146 дозволи, додека Скопскиот е втор со 86. Потоа следуваат Вардарскиот со 84, Југоисточниот со 67, Југозападниот со 32, Пелагонискиот со 26 и Источниот со 22, а Североисточниот бележи најмалку – само шест одобренија.

Вкупната проценета вредност на објектите опфатени со овие дозволи изнесува 7,87 милијарди денари, што е за 34,1 процент над минатогодишниот мајски износ. Повеќе од половината дозволи (255 или 54,4 проценти) се за високоградба, 110 (23,5 проценти) се однесуваат на реконструкции, а 104 (22,2 проценти) на нискоградба. Инвеститорскиот баланс е речиси изедначен: 232 дозволи (49,5 проценти) се издадени на физички лица, а 237 (50,5 проценти) на фирми.

Според плановите, во извештајниот период треба да се изградат 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 квадратни метри. Најмногу се предвидени во Скопскиот регион – 441 стан, додека Полошкиот ќе добие 295. По 120 станови се планирани во Југоисточниот и Вардарскиот регион, а Југозападниот ќе добие 39 нови домови.

Податоците укажуваат дека градежниот сектор продолжува да се опоравува, а регионалните разлики остануваат изразени, со Скопје и Полошкиот регион како најдинамични жаришта на инвестиции.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дајмон: Европските лидери се економски „лузери“

Следно

Нови цени на горивата од полноќ

Latest from Blog

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да
Go toTop