Со ископувањата во древниот град Троја во Турција се истражуваат артефактите поврзани со легендарната Тројанска војна

July 13, 2025
2 mins read

ЧАНАККАЛЕ (АА) – Археолозите продолжуваат со ископувањата во древниот град Троја, во Северозападна Турција, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО со историја од 5.500 години, со цел да се откријат нови докази поврзани со легендарната Тројанска војна, јавува Анадолу.

Сезоната на ископувања за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам на Турција и спонзорирана од Истанбулска индустриска компанија за челик и железо (ICDAS), се спроведува во соработка со Гувернерството на Чанаккале, Универзитетот „Чанаккале Онсекиз Март“ и месната управа на селото Тевфикје.

Ископувањата ги води археологот и професор Рустем Аслан, а годинава се фокусирани на пристапување до слојот од уништување од доцното бронзено време, кој најчесто се поврзува со Тројанската војна, со цел да се најдат предмети поврзани со воени конфликти.

Иако е рана фаза од годинашната работа, веќе се откриени камења за праќа, стари околу 3.500 години, пред структура за која се верува дека е палата од Троја VI . Овие наоди даваат значајни сознанија за стратегиите за одбрана и напад во бронзеното време.

Аслан за Анадолу изјави дека годинашните напори, кои се дел од проектот „Наследство за иднината“, се одвиваат на две различни локации за ископување.

Осврнувајќи се на претходните откритија од доцното бронзено време – често нарекувано „Хомерова Троја“ – меѓу кои се и врвови од стрели и оружја пронајдени во близина на палатата и ѕидовите, Аслан рече дека цел е да се стигне до што се поврзува со војната.

Тој додаде дека Тројанската војна ги фасцинира археолозите уште од 19 век, поттикнувајќи децениски истражувања за откривање конкретни докази за конфликтот. Последните три-четири години интензивирани се студиите насочени кон овој период.

Аслан истакна дека Троја е повеќеслоен насип што ги зачувува остатоците од многу епохи, вклучително и скелети од источноримскиот период и артефакти од подоцнежни окупации, откриени во претходните ископувања.

Археолошките истражувања во Троја започнале во 1863 година со Франк Калверт, официјално продолжиле со Хајнрих Шлиман во 1871 година, а потоа со Вилхелм Дорпфелд и Карл Блеген.

– Во потрага по археолошки траги од војната

Аслан истакна дека идентификувањето јасни траги од војна во археологијата и понатаму претставува голем предизвик.

Во ископувањата што ги водел Карл Блеген во 30-тите години на 20 век и Манфред Осман Корфман во 80-тите години на 20 век откриени се траги од пожар во слојот од уништување од доцното бронзено време, околу 1200 година пр. н. е., во слоевите Троја VI и Троја VII. Присуството на скелети, оружје и други предмети во овој слој укажува на уништување предизвикано од војна.

Последните неколку години се појавиле прелиминарни докази за уште еден слој од уништување меѓу агората, палатата и одбранбените ѕидови.

Тој опиша откритија во близина на палатата од ТројаVI , каде што биле пронајдени камења за праќа – направени од глина и речни камења.

Камењата за праќа биле критично оружје во бронзеното време, објасни тој, а нивниот голем број укажува дека областа била и за одбранбени и офанзивни цели.

Истакнувајќи го значењето на минатогодишното откритие на два врва од стрели од доцното бронзено време на иста локација, Аслан рече: „Ова укажува дека со напредувањето на ископувањата може да се појават уште поважни наоди поврзани со евентуално уништување.“

– Тројанска војна

Се верува дека Тројанската војна започнала откако Парис од Троја ја грабнал Хелена, сопругата на Менелај, кралот на Спарта.

Во конфликтот имало две големи битки пред ѕидовите на Троја, а Грците се обидувале да ја вратат Хелена.

По десетгодишната опсада, која ги исцрпила и двете страни, Грците конечно победиле преку стратегијата на Агамемнон за користење на Тројанскиот коњ за влегување во градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Прва победа за Македонија, совладана е Грузија

Следно

Двојно убиство во Прилеп

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop