Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

July 12, 2025
1 min read

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за Кочани додека паралелно Владата на ВМРО ДПМНЕ си ги зголемува сопствените трошоци.

Предложивме закон за финансиска помош за семејствата од Кочани. Поднесовме и амандман на ребалансот на Буџетот за да обезбедиме средства и да покажеме дека општеството не ги заборава. За жал, и законот и амандманот беа одбиени од власта и мнозинството. Тешко е да се прифати дека истата таа власт денес троши 1.8 милиони евра на кампањи, брошури, кетеринзи и тотеми и себепромоција, но не прифаќа да обезбеди средства за семејствата на настраданите” , рече Филипче.

На средбата тој посочи дека СДСМ ќе биде сѐ погласен и секогаш  поприсутен меѓу народот.

“Ќе продолжиме да се бориме за Кочани, да се слуша нивниот глас, и да се избориме за поддршката што ја заслужуваат. Ова не е политичко прашање, туку човечко.Ќе бидеме силен противник на оваа неспособна власт и заштитник на граѓаните, кои заслужуваат одговорна и правична држава”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Следно

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop